Потребни состојки:

500 г мелено месо

100 г сланина

50 г кашкавал

1 јајце

Лукче, кромид, сол, црн пипер…

Постапка:

“Замесете” го месото со јајце и сечкано лукче, исто како за плескавици.

Распоредете го врз убаво наредени ленти сланина.

Во средината ставете кашкавал

Завиткајте го ролатот и испечете го во рерна.

Истото можете да го направите и во алуминиумска фолија, а ќе го отворите месото кога ќе треба малку да се запече.

Сервирајте со салата и барена блитва со лукче.