Здраво на сите, јас сум Курт, работам како професионален готвач во ексклузивен ресторан во Германија, а овојпат сакам со вас да го споделам најбараното јадење кое речиси секој ден го приготвувам, а особено за божиќните и новогодишните празници.
Станува збор за многу вкусна и здрава салата која може да ја јаде целото семејство. Се приготвува од едноставни состојки, лесно и многу брзо. Сите намирници ситно се сечкаат, а ќе ви откријам и како да приготвите многу вкусен прелив со помош на рачен миксер. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 главица кромид, малку маслиново масло, 3-4 главици цвекло (сварено или испечено), 2 чешниња лук, неколку кисели краставички (корнишони) (4-5), 4 варени јајца, малку ситно сечкан магдонос (една рака) и 4 супени лажици од нашиот прелив-мајонез кој ќе ви откријам како да го приготвите.
ЗА ПРЕЛИВ-МАЈОНЕЗ: 200 мл растително масло (1 чаша обично масло за готвење), 100 мл млеко (1/2 чаша), 1/2 лажичка сол (или по вкус), 1 лажичка сенф, мелен црн пипер по вкус, 1,5 супена лажица јаболкова киселина
ПОСТАПКА: Исчистете една главица кромид (средна по големина) и исечкјате ја не премногу ситно. На нелеплива тава загрејте малку масло (1-2 лажици), па запржете го кромидот додека да омекне и да се карамелизира. Додајте 2 ситно сечкани лукчиња и динстајте уште една минута додека убаво да замириса.
Три-четири оладени главици цвекло, претходно сварени или испечени, изрендајте ги на крупната страна од рендето. Во ренданото цвекло додајте го испржениот кромид и лук (процедени, без маслото).
Киселите краставички исечете ги на коцкички и додајте ги во мешавината. Потоа ситно исечкајте четири варени јајца, исто така на коцкички, па и нив додајте ги во садот.
ЗА ПРЕЛИВ-МАЈОНЕЗ: Во висока чаша или сад ставете 200 мл обично масло и додајте 100 мл млеко. Состојките треба да бидат на иста температура. Спуштете го рачниот миксер до дното и миксајте неколку минути додека да се соединат двете состојки во густа емулзија.
Потоа додајте половина лажичка сол, една полна лажичка сенф, малку црн пипер и една ипол лажица јаболкова киселина. Спуштете го рачниот миксер до дното и повторно миксајте со спори движење горе-долу додека да добиете густа смеса како мајонез.
Во мешавината додајте четири полни лажици од преливот-мајонез и една рака ситно сечкан мајонез. Промешајте додека сите состојки рамномерно да се распоредат, па вашата салата е готова. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.