ОДЛИЧЕН КРЕМ ЗА УШТЕ ПОДОБРИ РОЛНИЧКИ…Ти благодарам сестричке за овој одличен рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г лиснато тесто
ЗА КРЕМ:
6 јајца
6 нивоа нарамни лажици шеќер
1 ванилин шеќер
8 средно полни лажици (100 г) скроб/нишесте/густин или брашно
1 лимон – рендана кора
500 мл млеко
100 г путер

За декорација:
шеќер во прав
или:
100 г бадемови снегулки/ливчиња или
сечкани бадеми и лешници
1 белка од јајце

ПОСТАПКА:

Набрашнете ја работната површина и тенко развлечете го лиснатото тесто во правоаголна кора со димензии 36 x 30 см. Исечете го на ленти со широчина од 3 см и завиткајте ги спирално околу секоја цевка, преклопувајќи ги рабовите. Од едно парче лиснато тесто ќе добиете 12 ролати.

Наредете ги ролатите на сув плех (нема да се залепат), разделете ги малку и печете ги 20-25 минути во загреана рерна на 200°C или додека да поруменат. Додека се печат ролатите, повторете го истиот процес со второто парче лиснато тесто.

Внимателно извадете ги жешките ролати од калапите, не стискајте ги за да не ги смачкате. Кога ќе се оладат наполнете ги со крем и посипете ги со шеќер во прав.

За крем: млекото ставете го на оган да зоврие, оставете неколку лажици настрана. Одделете ги белките од жолчките и матете додека да добиете цврст снег, па оставете го настрана

Жолчките пенасто изматете ги со шеќерот и ванилата додека да згуснат. Додајте ренданата кора од 1 лимон, густин и разредете со одвоеното млеко.

Во жолчките полека истурете го зовриеното млеко, убаво измешајте за да избегнете грутки. Вклучете го миксерот и варете на тивок оган додека кремот да се згусне со непрекинато мешање.

Кога кремот ќе се згусне, додајте го путерот, а кога тој ќе се растопи, тргнете го од оган и нежно соединете го со снегот од белки. Мешајте или миксајте на мала брзина додека сè да се соедини. Оставете да се олади

За подобар изглед:

Пред да ги ставите печите ролатите, премачкајте ги со лесно изматена белка и валајте ги во бадеми на ливчиња или мешавина од ситно сечкани бадеми и лешници.