Билкарот од Тузла, Адем Ахмишевиќ e доста познат во оваа област, а со истражување на билките се занимава долги години, уште кога во 1963 година му започнале проблемите со дебелото црево.
Во тоа време медицината не била развиена како што е денес, па дури и лекувањето на оваа болест се сметала за невозможна.
„Влегов во светот на фитотерапијата поради мојата болест. Додека бев во војска, уште во 1963 година, имав кpвавење од дебелото црево.
Тоа кpвавење се повторуваше и лекарите со години ми велеа дека стpaдам од воспаление, сè додека не заболев од pак на дебелото црево и простата во раните 1980 година.
Бидејќи лекарите ми го прогнозираа најлошото, решив да барам cпас за себе со алтернативните начини на лекување.
Со помош на мевлеми, природни сирупи и комбинација на кинезитерапија, што и самиот ја направив, излегов како победник над оваа сериозна болест“ – се сеќава Ахмишевиќ.
Тој не јаде месо од 1985 година, што, меѓу другото, го смета за темел на неговото добро здравје. „Победата над сопствената болест ми даде „ветер во грб“ кога станува збор за фитотерапијата.
Без разлика дали станува збор за мигрена, психосоматски нарyшувања, неpвоза, болест на простата, астма, бронхитис и други болести на белите дробови, проблеми со коcките, црн дроб, цисти, хемороиди и др., јас многу ја проучив оваа област и имам лек за речиси сите овие болести.“
„За здравјето на дебелото црево, добро е да се користи ајдучка трева, коприва и глуварче.
За потечени лимфни жлезди, одлични се облоги и масти од четиринаесет видови растенија, од кои најважни се кантарионот, росопасот (руса трева или чадливка) и коприва. Каранфилчето, кората од орев и пелинот се ефикасни против бактериите.“
Третманот со природен лек, како што вели Адем, е подолг, но затоа е исклучително ефикасен.
„На пример, кога имате главоболка, не земајте апчиња. Главоболка значи дека имате здравствен проблем. Со земање на лекови против бoлка ја откажувате врската помеѓу мозокот и местото на проблемот.
Главоболката честопати значи дека имате вишок или недостаток на енергија во тој центар, што лесно можете да го регулирате со техниката на дишење – советува Адем Ахмишевиќ и продолжува:
„Важно е да се работите на зајакнување на имунитетот, а младите ‘ркулци од зрна пченица можат секому многу да му помогнат.
Покрај младата пченицата, која е добро позната билка, невенот, копривата, глуварчете, дивата капина, магарешкиот трн, кора од врба и коњското опавче се исто така, одлични лекови.
Копривата е најдоброто растение за чистење на организмот и кр-вта, а сите нејзини делови, односно коренот, стеблото и лисјата, може да се користат секој ден на повеќе начини.“
Освен како додаток на храна, овој фитотерапевт препорачува и пиење чај од коприва, што исто така го зајакнува имунитетот.
Исечкајте го коренот, стеблото и листот од копривата, а потоа прелијте ги со половина литар врела вода. По половина час процедете и пијте го чајот во текот на целиот ден, голтка по голтка на секои 20 минути“, советува познатиот билкар.
„Иако многумина го користат како украс за цветни аранжмани, додава Ахмишевиќ, глуварчето нуди и лековити својства.
Коренот на ова растение е богато со ензими, а листовите се богати со витамини А, Ц, Д и Б, како и железо, магнезиум, цинк, калиум, калциум, манган и бакар.
Ова растение, покрај зајакнување на имунитетот, го стимулира природниот процес на регенерација на црниот дроб и е многу добар природен лек за луѓе кои имаат хепатитис, стpaдаат од неправилно варење на храната и имаат камења / песок во жолчката.
Глуварчето се користи и како природен лек за настинки и грип, а цветот, лисјата и коренот се наменети, меѓу другото, и за подготовка на чај или сируп.
Коренот или цветот се сечат на мали парчиња, а количината на еден грст треба да се истури во половина литар вода.
По половина час, чајот се процедува и се пие во голтки. Можете да јадете свежи лисја од глуварче самостојно, или едноставно да направите салата со зелка и пиперки.
Може да користите и свеж корен како додаток на супи“,советува фитотерапевтот кој е убеден лично во лековитите својства на многу растенија.
Покрај глуварчето, билката добрејка (позната како цикорија или водопија) не е помалку позната и кај нас, а има исклучително лековити својства благодарение на инулинот, како и витамините К, П, Б и Ц.
Секој дел од растението може да се користи за медицински цели, но најчесто се користи коренот, кој за разлика од другите растенија, е поздрав кога се конcумира во сува отколку свежa форма.
Ова растение се користи за обновување на цревната флора и зајакнување на дигестивниот тракт.
Истурете две лажици сув корен, како и во претходните случаи, со половина литар вода, и по половина час чајот е подготвен за кон.сумирање”, тврди познатиот фитотерапевт и заклучува:
„Чаевите за зајакнување на имунитетот може да се подготват како комбинација на некои веќе споменати лековити билки.
За зајакнување на имунитетот, можете да комбинирате лисја од коприва со кое било од веќе споменатите растенија, и како една од исклучително добрите комбинации, ќе ги споменам глуварчето и цикоријата.“
Покрај користењето на гореспоменатите билки кои ги препорачува познатиот фитотерапевт, потребно е да пиете голема количина на вода.
Месото како што кажа Адем, го скратува животот. Одбегнувајте го, можеби не сега, но во иднина тоа ќе го забележите.
Како што стареете, намалете ја кон.сумацијата на млечни производи, тука најмногу се мисли на кашкавалот. Освен што ќе ви предизвика дигестивни проблеми, го нару.шува и убавиот тен на кожата.
Пијте секојдневно билни чаеви, а двојно повеќе вода. Не ја изоставувајте физичката активност. Таа е најважна за одржување на виталноста.
Никој ова нема да ви го рече, но вежбајте многу повеќе од тоа што мислите дека можете. Движењето не само што го продолжува животот, туку ве прави и среќни.
Јадете банани, јагоди.. и друго овошје кое го стимулира хормонот на среќата. И како последно, спроведувајте автофагија (гладување) што почесто.
Организмот треба да ги потроши своите резерви, а не само да се натрупува во него. Колку повеќе гладувате, толку ќе сте поздрави.
Храната, особено процесираната, не помогнала никому. Ова се едни од најчестите совети кои ќе ви ги каже секој билкар. Верувајте во нив, а најважно од се е да ги спроведувате.
Секој кој постигнал гладување од неколку дена, се смета за човек кој постигнал се во животот. Како и да е, постојано бидете хидрирани..
НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето.
Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење.
Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.