Оваа пита можете често да ја приготвувате, бидејќи освен што е многу вкусна и заситна, исто така е многу здрава. Се приготвува со пченкарно брашно кое е одлично за цревата, лесно се вари и богато е со хранливи состојки. Рецепт и фотографии на Sefka Rakic.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г спанаќ или блитва, 2 шолји пченкарно брашно, 1 шолја обично брашно, 100 г сирење, 4 јајца, 100 мл павлака, 1 шолја млеко, 1 прашок за печиво, сол по вкус, путер за премачкување. Состојките ги мерите со една иста шолја од 200-250 мл.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Спанаќот измијте го убаво со ладна вода (најдобро лист по лист), а потоа кратко избланширајте го во врела вода со сол. Потопувајте го врелата вода само минута или две колку да омекне и веднаш вадете го со решеткаста лажица. Оставете го спанаќот малку да излади и процеден исечкајте го.
![]()
![]()
![]()
![]()
Во еден подлабок сад изматете ги јајцата и во нив додајте кисела павлака и млеко. Сирењето ситно издробете го и додајте го во смесата. Во друг сад измешајте ги двете брашна, додајте прашок за печиво и посолете по вкус (во зависност од тоа колку е солено сирењето).

![]()
![]()
![]()
![]()
Течната и изедначена смеса измешајте ја со сувите состојки, па промешајте добро за да се изедначи и да нема грутчиња. Добиената смеса излејте ја во намастена тепсија и печете во загреана рерна на 200 степени додека убаво да зарумени.

![]()
![]()
![]()
![]()
Пред крајот премачкајте ја одозгора со омекнат или растопен путер, па вратете ја во топлата рерна да се допече уште 5-10 минути колку да фати малку коричка. Кога малку ќе се подизлади сечете ја на коцки и послужете ја со јогурт, кисело млеко и сирење.![]()
![]()
![]()
![]()
































