Состојките за приготвување на оваа маска феноменално делуваат на косата. Длабински ја обновуваат и го подобруваат растот.

Ако ја користите редовно оваа маска, косата ќе ви се препороди. Ќе ви стане помека, но и ќе ви порасне многу побрзо. Главната состојка всушност е квасецот кој го стимулира коренот на косата и е главниот виновник за подобрување на квалитетот на косата.

За максимални резултати, маската е потребно да ја користите 2 пати неделно, во период од два месеци, континуирано. После овој период ќе забележите дека испуканите и сувите краеви ќе исчезнат и а самото влакно ќе стане многу поцврсто и поеластично.

Потребни состојки:

20 г свеж квасец ( ½ коцка)
1 лажичка мед
1 лажица млако млеко

Постапка:

Во една супена лажица млако млеко растворете една кафена лажичка мед. Мешајте додека целосно да се растопи. Потоа издробете 20 г свеж квасец или 7 г сув квасец. Добро соедините и убаво растопете го квасецот.

Оставете ја смесата на топло место да ферментира 15 до 20 минути. Добиената смеса нанесете ја чиста и влажна коса. Завиткајте ја главата со најлонска кеса и пешкир. Оставете најмалку 1 час, а најдобро 2 или повеќе часови, а потоа исплакнете со млака вода.

Габичките од квасецот ја зголемуваат количината на витамини, протеини и минерали неопходни за раст на косата. Хранливите материи се впиваат во фоликулите на косата и ја јакнат оштетената коса.