-Во една тепачка, мојот девер смртно настрада. Потоа следеше сообраќајна несреќа во која мојот сопруг го изгуби животот. Потоа останав и без мајка. Тогаш, со мајчината смрт, мислам дека целата тага на светот ми се слеа во едно. Пропаднав психички и доживеав нервен слом. Ја изгубив желбата за живот.
-Црна магија, маѓепства, духови, вештери, вештерки и целиот тој окултен свет за мене беше непознатица се’ до мај 2016 година кога по препорака на пријателка која случајно ја сретнав, ја запознав исцелителката К.Р. која ми стана најдобра пријателка.
До тогаш, единствено нешто натприродно со кое имав допир, беше читањето на хороскоп и тоа од забава а не дека верував. Дури ни фактот дека живеам несреќен живот не ме поттикна да побарам помош од некој гатач или видовит човек, или да ми гледаат на карти или во кристална топка, тоа ни на крај памет не ми текнуваше. Но благодарение на оваа жена полека се одмота многу замрсено клопче – мојот живот и дознав дека со децении сум била жртва на магии.
Со сопругот уште како млади заминавме за Шпанија, таму добро се снајдовме и отворивме наш ресторан. Брзо го научив јазикот, бев среќна што започнав нов живот. Во Шпанија останав 23 години.
Животот никогаш не ме мазеше ни пазеше. Цело време имав чувство како да умирам, а не можев да умрам. Мажот ми се промени, не можев да го препознам. Почна да ме тепа, меѓутоа поради премногу обврски околу работата, децата па и мажот, не размислував многу околу тоа, само “буткав” напред како зомби, без да размислувам.
Не му го посакувам никому она што јас го преживеав.
Немили сцени имаше еден куп, ако почнам за се’ да ви раскажувам ќе не сноќи. Не сакам да се враќам назад во тешкото минато, на немилите настани, но еве накратко ќе ви ги кажам главните настани. Имаше се’ и сешто.
-Во една тепачка, мојот девер смртно настрада. Потоа следеше сообраќајна несреќа во која мојот сопруг го изгуби животот. Потоа останав и без мајка. Тогаш, со мајчината смрт, мислам дека целата тага на светот ми се слеа во едно.
Пропаднав психички и доживеав нервен слом. Ја изгубив желбата за живот. Отидов на лекар, на психијатар кој ми даде таблети од кои паѓав во кома, ме парализираа целосно. Се заклучував дома, ги спуштав ролетните и му се молев на Бог никој да не ми затропа на врата.
Од пеколот во кој бев ме извлече мојата пријателка, која се’ знае за мене и нема потреба од големи зборови.
-Стани, тргни ги завесите, пушти да влезе светло дома, отвори се за животот, истуширај се, свари кафе, проветрија куќата, тебе ти треба помош, јас ќе ти помогнам…
Како во полусон слушнав: – со години си под црна магија, закачена е за тебе. Една врз друга ти се правени. Трчаш, работиш, а никогаш немаш пари. Ни среќа, ни љубов. Немаш ништо, само тага и празнина.
Потоа се случи нешто, поминав низ терапија, и после толку долго време, ми се чинеше цела вечност, заспав мирно, растеретена и ослободена.
Некако се’ си доаѓа на свое место. Се чистам од магијата, си го менувам животот за 180 степени.
Дојдов во Виена кај роднина на гости една седмица и тука останав еве до ден денешен. Не знам ни збор да гукнам на германски, ни она ајн, цвај, драј… Ама ги поднесов документите за работа – и ја добив! И знаете што – понекогаш во раце држев по 1000 евра промет од ресторанот дневно и не бев среќна, а сега одам во Њу Јоркер, си купувам маичка од 10 евра и јас сум пресреќна!
Џабе убавината на Шпанија и купишта пари кои ги заработував од ресторанот кога бев несреќна. Сега за првпат сум среќна жена.
А што се однесува до магијата, знам кој ми ја правел, зошто ми ја правел и дека за мојата глава се работело. Постепено сите коцки се сложија, се намести мозаикот и се’ се вклопи перфектно. Меѓутоа, не сакам да зборувам за тоа…