Фурункул може да се појави на било кој дел од телото, но најчесто се појавува на грбот, рамењата и во слабините, како и на вратот. Доколку се појави на вратот се нарекува “црна мозолка”.

Некои фурункули се “појавуваат”, а особено при фурункулоза (болест при која постојано се појавуваат поткожни чиреви), при постоење на некои тешки болести како што се дијабетес, албуминурија и др.

Фурункулите не се само грди, туку и многу болни! Настануваат поради инфекција, најчесто од златна стафилокока. Околу кружното црвенило од воспалена кожа, се обликува и гној. Кога гнојот ќе созрее, чирот се отвора а од него истекува гнојната течност.

Фурункулите се секогаш знак за неизбалансираност и премногу отрови во организмот, а некои го нарекуваат “излев” на вишокот отрови кои во телото се таложат.

За да се спречи неговата појава, најпрво мора да се ограничат штетните материи кои се внесуваат преку нездравата исхрана. Според тоа, треба да се спроведе хипотоксична диета, да се одбегнуваат слатки, чоколади, сувомеснати производи, зачини, ферментирани сирења, алкохол и силно кафе.

Не земајте по секоја цена антибиотици, особено не на деца. Се изложувате на опасност да се појават типови на стафилококи кои ќе бидат отпорни на антибиотиците. Во тој поглед стриктно придржувајте се до советите на вашиот лекар.

Фурункулот не смее прерано да се пука и потребно е да се остави да созрее. Потоа со помош на стручно лице треба внимателно да се истиска гнојот и притоа да се внимава да не се заразат други подрачја.

За да се забрза зреењето и да се ублажи болката, може да се обидете со некои од следните облози и катаплазми (облози од топла каша):

-катаплазма од свеж лист од чичок

-каплазма од лист од зелка

-катаплазма од семе од пискавица или од ленено семе

-катаплазма од рендан кромид или сиров компир

-катаплазма од варена салата

Кога фурункул ќе пукне и ќе се пробие, се користи следното:

-облози од чај од камилица

-дезинфекција со ружина вода или жалфија и тимијан (по 1 прстофат од билките во една шолја вода)

За побрзо зараснување на “чепот”, се применува следното:

-облози натопени со сок од чичок

-облози натовите со одвар од корен и лист од бел слез (5 прстофати на една шолја вода)

-завој од смола од елка

МАУРИЦЕВИ РЕЦЕПТИ

Како прво – исчистете ја крвта!

Доколку имате проблем со фурункули, пијте напитоци за чистење на крвта:

-2 прстофата ајдучка трева на 1 шолја вода

-3 прстофата лист и корен од глуварче на 1 шолја

-4 прстофати лист и цвет од капини на 1 шолја вода

-2 прстофати лист и цвет од жалфија на 1 шолја

-3 прстофати цвет од невен на 1 шолја

Локални бањи за раце и нозе:

На еден литар вода: 3 прстофати бел слез, 2 прстофати ружа, 4 главици камилица, 2 прстофата жалфија и 1 прстофат тегавец.

Чај, 1 до 2 шолји дневно: 2 прстофати ајдучка трева, 1 прстофат лист од јагода, 1 прстофат тимијан, 1 прстофат мајчина душичка и 1 прстофат лист од маслинки.