Болка под ребрата, како што луѓето лаички ја нарекуваат, а стручно, болка под ребрените лакови, не е нималку ретка појава. Тригери или предизвикувачи за оваа појава можат да бидат различни, а треба да се обрати внимание на неколку работи за да може, евентуално да се спречат.
Болка под ребрата од десна страна
Во зависност од возраста, болката од десна страна може да биде предизвикана од разни проблеми со жолчката: холециститис (воспаление на жолчната кеса), калкулоза или камен во жолчката.
Може да биде евентуално и комбинација од некој гастритис, воспаление на слузокожата на желудникот, па така здружени овие два проблеми можат да доведат до болка во десниот ребрен лак.
Болка во ребрата од левата страна
За разлика од болката на десна страна, болката во левиот ребрен лак може да биде рефлексија од заболувања на многу повеќе органи.
До болка под левиот ребрен лак најчесто доаѓа поради проблеми со панкреасот. Доколку дошло до затнување на излезните канали од панкреасот, или доколку евентуално станува збор за воспаление на панкреасот.
Ова често се случува кај лица кои долговремено консумирале алкохол.
Од левата страна може да се наоѓа и флексура (кривина на дебелото црево), па така доколку нема редовно празнење може да дојде до прободување под левиот ребрен лак.
И дијафрагмата може да биде тригер, односно предизвикувач на болка. Дијафрагмата е многу важен мускул кој учествува во дишењето.
Многу е важно да посетите лекар и да направите снимање на стомакот доколку се јави ваков вид на болка. Со ултразвук најдобро ќе се види за што станува збор. Дали црниот дроб е зголемен, или пак некој друг проблем е предизвикувач на болката.