Сите ја обожаваме пројата, а покрај оригиналниот рецепт кој е со сирење или урда, ова многу ни се допадна. Можеби некои ќе речат дека ова не е правилниот рецепт за проја, но сите рецепти некогаш се обновуваат со додавање на некои состојки.




Нас многу ни се допадна ваквото јадење кое првпат денес го подготвив. Рецептот е многу лесен и едноставен, а рерната нема потреба да ја користите бидејќи питата не се пече. Со супер крцкава кора и слоевита внатрешност, со сигурност ќе уживате доколку сте љубител на овие пити.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 100 мл масло, 200 мл млеко, 300 г брашно, 3 компири, 50 г млад кромид, 1 домат, 200 г фета сирење, 1 лажичка сол, прстофат црн пипер, 10 г прашок за печиво и уште малку масло на намастување на тавата.




ПОСТАПКА: Во еден сад скршете ги трите јајца. Посолете и додајте црн пипер, и изматете ги пенасто со миксер. Потоа додајте 100 мл масло и 200 мл млеко и соединете со миксерот еднолично. На крајот се додава брашното измешано со прашокот за печиво.




Миксајте ги состојките до формирање на фина, еднолична смеса со слична конзистентност на онаа за палачинки. Потоа изрендајте 3 компири, излупени, ситно исечкајте 50 г млад кромид, 1 домат на коцки и издробено фета сирење.




Состојките додајте ги во смесата и добро измешајте за зеленчукот да се распореди насекаде. По желба може да додадете и сувомеснато или кисели краставички. Земете едно тавче и намастете го, па вклучете ја ринглата малку да се загрее со маслото. Исто така намастете и по страните на тавчето.




На овој начин ќе добиете ефект на нелепливо тавче, па во него излејте ја смесата и добро распоредете ја. Покријте го соодветен капак за тавчето и оставете да се готви на ниска температура 30 минути, а потоа превртете и гответе исто време и на другата страна. Питата е многу вкусна.




Ако сакате да направите закуска од компир на овој начин, може да го пробате и следниот рецепт за кој ќе ви бидат потребни следниве состојки: 1 компир, 1 морков, 2 јајца, 2 лажици брашно, сол, црн и црвен сладок пипер.




ПОСТАПКА: Изрендајте го зеленчукот и измешајте го со јајцата и брашното. Зачинете по вкус. Во нелепливо тавче ставете да се загрее 2 лажици масло, па излејте ја смесата како што е опишано во претходната постапка.




Покријте со капак и гответе од двете страни помалку време, додека да се испече компирот и фати убава коричка, па се соедини како за пита. По желба одозгора наросете 1 лажичка црн сусам. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.