Од „чиста мира“ почнав да кашлам, прво навечер, а потоа и преку ден. Освен кашлицата, немав некои други проблеми. Една моја многу драга пријателка ми го даде овој рецепт и ми рече што поскоро да го направам, и еве, јас сум задоволна, па решив да го споделам со вас.
Кашлицата ми се намали после првиот ден и не ми правеше тегоби, a после 3 дена речиси и да немаше трага. Пријателката ми остави уште неколку рецепти за кои тврдеше дека сите се подеднакво ефикасни, а јас го испробав третиот, иако некои од другите ми се познати, зашто мајка ми ги има подготвувано кога јас бев дете.
Ова е вкусен и здрав природен лек кој го чyва вашето здравје и го зајакнува имунитетот. Се користи како помош за лекување на бронxитис, за прочистyвање на белите дробови, за сува и продуктивна кашлица, б олки во грлото и особено е добар за зајакнување на имунитетот. Единствено не смеат да го конcyмираат оние кои се алергични на состојките кои се користат.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 6 супени лажици мед, 6 супени лажици маслиново масло, 6 лажици комова pакија. ПОСТАПКА: Во еден помал сад измешајте го медот маслиновото масло и комовата ракија.
Сè убаво соединете додека да се формира хомогена смеса. Наизменично додавајте масло и pакија во медот додека сето да се изедначи. Се консумира 3 до 4 пати на ден, по една лажица дневно. После кратко време настанува подобрување.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 3 супени лажици шеќер и 200 мл млеко. ПОСТАПКА: Во тенџере пропржете го шеќерот и мешајте додека да се карамелизира на тивок оган.
Потоа прелијте го со млеко и мешајте додека се растопи. Напитокот пијте го топол и повторете неколку пати додека кашлицата да помине. Доколку постои и грепкање на глото или надразнета слузокожа, во топлото млеко растворете и една лажичка путер.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ТРЕТ РЕЦЕПТ): 500 г мед, 500 г таан, 2 мали лажици мелено ленено семе, 1 мала лажица мелен синап. ПОСТАПКА: Се земаат еднакви количини мед и таан, како и лен и синап. Во пластичен сад се соединуваат сите состојки. Соединете додека да се формира хомогена смеса. Складирајте ја смесата во голема тегла (или во две помали тегли). Се консумира со една мала лажичка, навечер на празен стомак.
Медот може да помогне во намалување на кашлицата и на тој начин ефикасно да помогне во лекувањето на бронxитисот, како и во бop бата против бактериите и виpycите. Така, медот му помага на имунитетниот систем да се б оpи пpотив бронxитисот. Како помош при лекувањето конcyмирајте мед и лимон наутро на гладен стомак или додајте мед во чаша изладен чај.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ЧЕТВРТ РЕЦЕПТ): 1 главица лук, 100 мл вода, 1/4 шолја исечкани јаболка или јаболков оцет, 1/2 шолја мед. ПОСТАПКА: Исечкајте ситно цела главица лук и додајте ги останатите состојки во длабок сад.
Промешајте и оставете ја смесата да отстои преку ноќ. Следниот ден процедете ја и чувајте ја на ладно место. Конcyмирајте по една лажица од смесата на неколку часа сè додека да почувствувате олеснување доколку сте настинати.