Во никој случај не ги игнорирајте овие симптоми, затоа што од брзината со која ќе реагирате ви зависи животот. Ова се првите знаци за рак на јајници.
Истите знаци може да се појават и поради други тегоби во организмот, па затоа најчесто се игнорираат. За да бидете сигурни, редовно посетувајте ги систематските прегледи и направете консултација со вашиот лекар.
Ова е еден од најподмолните облици на карцином, а времето игра клучна улога во лекувањето.
Карциномот на јајници е еден од честите малигнитети кои се јавува кај жените. Иако методите за лекување значително се напреднати, сепак сè уште е висок процентот на смртните исходи, особено кај жените кај кои карциномот е откриен во напреднат стадиум.
Кај карциномот на јајници кој ќе се открие во рана фаза, исходот од третманот е значително подобар, со поголем процент на преживување.
СИМПТОМИ ЗА КАРЦИНОМ НА ЈАЈНИЦИ
-подуеност или чувство на притисок во стомакот
-болка во стомакот или карлицата
-брзо заситување во текот на оброкот
-зачестено мокрење
Сите овие симптоми би можеле да постојат и кај некои други инаку безопасни состојби. Затоа, доколку имате вакви знаци, неопходно е да се направат понатамошни истражувања за да се утврди вистинската причина.
СТАДИУМИ НА РАЗВОЈ НА КАРЦИНОМОТ НА ЈАЈНИЦИ:
I СТАДИУМ: карциномот го зафаќа едниот или двата јајника, но нема ширење вон ткивото на јајниците.
II СТАДИУМ: карциномот се проширил на матката или на околните органи со кои јајниците се во близок контакт.
III СТАДИУМ: карциномот се проширил и во лимфните желзди.
IV СТАДИУМ: во овој стадиум постојат и одалечени метастази во органите вон малата карлица (најчесто белите дробови или црниот дроб).
Успешноста во лекувањето на карциномот на јајници зависи од видот на карциномот, стадиумот на развој и општата здравствена состојба на пациентката.
Раното откривање на карциномот, додека тој е локализиран само во ткивото на јајниците дава најдобри прогнозирачки шанси за успешно лекување. Сепак, и покрај сите досегашни познати методи за лекување, процентот на смртност е значително висок.
Токму од тие причини времето на откривање, односно јавување на лекар специјалист по гинекологија е од витално значење, бидејќи што поскоро ќе се открие, толку се поголеми шансите за целосно излекување од оваа злокобна болест.