Желатинот е производ кој се добива од коски, ‘рскавица и тетиви кој содржи колаген, најважната белковина во човековиот организам, значајна за состојбата на кожата, коските, ноктите и косата. Може да се најде и растителен желатин кој е наречен агар-агар, кој најчесто се користи за време на пост.




Нашиот организам има способност да синтетизира колаген по потреба, но таа способност со текот на годините постепено се намалува, а со тоа и квалитетот на нашите коски и кожа. Врз намалување на производтсвото на колаген може да влијаат и некои надворешни фактори, како и нездравиот стил на живеење.




Колагенот е исклучително важен за одржување на здравјето на целиот организам и претставува најзастапен протеин во нашето тело. При недостиг на колаген, се намалува квалитетот на кожата, косата и ноктите, па тие стануваат кршливи и суви.




Еден од начините за зголемување на производството на колаген во организмот е конcyмација на витамин Ц. За жал, витаминот Ц не е секогаш доволен, па пожелно е колагенот да се надоместува преку исхраната.




Освен за yбавина, колагенот е многу важен за здравјето на коските и зглобовите, а негов недостиг може да предизвика бројни здравствени проблеми како: остеопороза, остеоартритис и слични пореметувања. Доколку веќе постојат такви проблеми, додатокот на колаген речиси секогаш помага.




На наједноставен начин, како природен лек, можете да си растворате желатин со малку мед и секојдневно да јадете. Желатинот не содржи холестерол и не треба да се меша со пивтијата која доколку не е процедена добро, може да содржи и маст. Може да го приготвувате по следниот рецепт, или да правите вкусни желе бонбони и да уживате во него, како во десерт:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 лажички желатин, 150 мл вода, 1 лажичка мед и 1 лажичка лимонов сок.

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 портокали (300 мл исцеден сок), 40 г желатин и 160 г шеќер или по вкус

ПОСТАПКА за рецепт 1: Прелијте две лажички желатин со 150 мл ладна вода, поклопете и оставете да отстои преку цела ноќ. Следниот ден желатинот ќе биде набубрен, па за да се подобри вкусот и неговото дејство, додајте малку мед и лимонов сок. Измешајте и изедете го целото.




ПОСТАПКА за рецепт 2: Исцедете го сокот од портокалите кои требат да бидат покрупни и посочни, во просек од еден плод да извадите 100 мл сок. Сокот процедете го низ сито, па додајте го шеќерот и желатинот.




Промешајте и оставете 15-20 минути на собна температура додека желатинот да набубри. Потоа ставете го тенџерето на рингла и загревајте на умерено ниска температура со непрекинато мешање. Смесата не смее да зоврие.




Кога шеќерот целосно ќе се растопи и ќе добиете проѕирна течност, истата проџедете ја низ сито и истурете ја во калап обложен со проѕирна-стреч фолија. Може да ги искористите празните лушпи од портокалите, па да ги наполните нив.




Оставете најпрво да се олади на собна температура, а потоа оставете во фрижидер додека убаво да се стегне желето, приближно еден час. Потоа сечете на коцки, или портокалите на месечинки, па валајте ги парчињата во ситен шеќер. Деталите погледнете ги ОВДЕ.