Сокот од портокал е еден од најпопуларните пијалаци во целиот свет. Не мора да го купувате, туку можете и сами да си го направите.

Овој сок е идеален за забави и детски родендени, се прави од само три состојки, а од еден килограм портокали се добиваат 10 литри сок.

Потребни состојки:

1 кг портокали
700 г – 1 кг шеќер
6 г лимонска киселина
9 литри вода

Постапка:

Портокалите добро измијте ги, па наредете ги во лонец. Наполнете со вода за да бидат прекриени портокалите и оставете така да преноќат.

Следниот ден водата фрлете ја, а портокалите заедно со кората исечете ги на коцки, или како можете.

На оган ставете 1 литар вода да зоврие и во неа ставете ја лимонската киселина. Додадете го и исечениот портокал па оставете заедно да се готват околу 20 до 30 минути.

Тргнете го лонецот од оган, па со рачен миксер измиксајте ги парчињата портокал, да добиете каша.

Оставете течноста малку да излади, па во неа додадете ги останатите 8 литри вода.

Добиениот сок складирајте го во чисти стаклени шишиња и уживајте во вкусниот напиток.

Совет: Ако не сакате многу сладок вкус, намалете ја количината шеќер, па наместо 1 кг, ставете 700 г шеќер или некој друг засладувач како што е стевијата.

Ако не сакате да имате трошки остатови од сокот, пред да го складирате во шишиња процедете го низ газа.