ОБРОК САЛАТА ОД ВАРЕНИ ЈАЈЦА…Вкусна и здрава, брза и за секакви пригоди…
Од наведените состојки можете да одземете нешто или да додадете по вкус…доволно е да имате варени јајца од Велигден…Откога ќе ја пробате еднаш, оваа салата ќе си ја правите често. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 варени јајца
1-2 млади зелени кромитчиња
4-5 печени пиперки
150 г димено мисиркино или др.сувомеснато
3 лажици кисела павлака
150 г фета сирење
1/2 смежа пиперка
свеж магдонос и мирудија
сол и црн пипер
ПОСТАПКА:
1.Исечкајте и помешајте варени јајца, млад кромид, печени пиперки и димено сувомеснато, па посолете и запиперете.
2.Додајте кисела павлака, ситно сирење, по желба свежа пиперка (може да биде лута), како и свежи зелени билки.
3.Зачинете по вкус и сето убаво промешајте го. Вашата салата е готова. Здрава и вкусна оброк салата за појадок или вечера, но и за други потреби. Постапката погледнете ја ОВДЕ.