Понекогаш се обидуваме толку многу да им угодиме да пријателите, што забораваме на себеси. Но, во еден миг сфаќаме дека тие навикнале на нашата добрина, па повеќе не ја ценат, а тоа значи дека не нè ценат ниту нас. Свртете им го грбот, па ќе видите како ќе ве ценат!




Кога ќе започне нивната „жалопојка“, само кажете им дека сте зафатени и дека имате попаметна работа (од слушање на едно-исти работи или оговарање на трети лица кои вие не ги ни познавате).




Луѓето ако вистински имаат проблем, ќе побараат помош за решавање на истиот. Но, ајде размислете, што бараат луѓето кои постојано само се жалат и приговараат? Зошто се расфрлаат со зборови за негативностите на животот кога ништо не прават за да го променат и направат подобар, а вашите совети ги отрфлаат?




Одалечете се од луѓето кои прават будала од вас, а вие глумите дека уживате во нивното друштво, бидејќи ви годи нивното внимание и се плашите да бидете осамена. Вака, барем еднаш сте во центарот на нивното збиднување…




Не ви се потребни такви луѓе кои ве користат само за да можат тие да се испразнат. Нели чувствувате дека после нивната средба се чувствувате потиштено, без енергија, како исцеден лимон? Задржете си го достоинството!




Подобро е да имате мирна самотија, отколку после средбата со нив, да мора да ја симнувате маската од лажната насмевка и да се чувствувате уште поло-шо отколку пред нив? Не жалете по таквото друштво, тие не ве ценат како личност.




Тргнете се од таквите т оксични луѓе, бидејќи постојат зборови кои не можат да се простат така лесно, и моменти после кои ништо не може да исто. Тоа се оние моменти на иронија и потсмевање на некое трето лице, во кое сте учествувале само за да не бидете одбиени. На тој начин најмногу се повре-дувате самите себе.




Тешко е кога на крајот ќе сфатиме дека на таквите луѓе сме им давале и премногу, а сме ја занемариле љубовта на оние најблиските кои секогаш ни биле поддршка. Љубовта на оние кои навистина заслужиле и вредат да бидат во нашиот живот, сме ја фрлиле во празно и сме ја игнорирале.




Што и да се случи во животот, останете свои. Луѓето кои ве сакаат и вистински ве почитуваат, уште повеќе ќе ве сакаат и почитуваат, а оние кои никогаш не ве сакале ниту почитувале, тогаш уште помалку ќе ве сакаат и почитуваат.




Не сте должни на другите да им одговарате за своите постапки, ниту пак тие се господари на вашиот живот. Вие самите одлучувате за сопствениот живот. Од одлуките кои ќе ги донесете во животот, сами ќе си ги сносите последиците.




Нека мирната совест ви биде водилка, па навечер кога ќе си легнете да можете спокојно да заспиете. Тоа е знак дека никому не сте му направиле зло. Одалечете се од луѓето кои не ве ценат доволно, бидејќи вредите многу повеќе отколку што сте свесни за тоа.