Денес веројатно не постои ниеден човек која барем еднаш во животот не користел јод.
Тоа е одлично средство против микроби, кое се користи за дезинфекција на кожа, бидејќи делува против широк спектар патогени микроби: бактерии, вируси и габи.
Но, она што е помалку познато е дека растворот од јод може да се користи како природно средство за раст и јакнење на ноктите!
Со негова помош, за само еден месец можете ноктите да ги зајакнете, да бидат посилни и поздрави, да се ослободите од заноктиците и да го забрзате растот на ноктите.
Што треба да направите?
Навечер пред спиење земете стапче за уши, натопете го во раствор од јод и нанесете врз ноктите исто како да ги лакирате. Оставете да делува преку ноќ.
Наутро ќе забележите дека ноктите го впиле јодот, па дури и на допир ќе почувствувате дека станале поцврсти.
За да ги отстраните трагите од јод што останале на некои места, користете паста за заби. На многумина им е познато дека пастата за заби поради калциумот кој го содржи во себе, одлично делува на ноктите, ги избелува и ги зајакнува.
Значи, со забна паста истријте ги ноктите со помош на стара четка за заби и потоа намачкајте ги рацете и ноктите со хранлив крем, а најдобро со кокосово масло.
Постапката можете да ја повторувате 1-2 пати седмично, никако почесто. Повторувајте ја постапката двапати седмично додека да забележите дека ноктите повеќе не го впиваат јодот и тој останува на нив.
Тоа значи дека во вашиот организам има доволно апсорбирано јод и не му е потребно повеќе, па потребно е да се направи пауза.