Мелазмата е вид на хиперпигментација која почесто се јавува кај жените. Се јавува во вид на големи, темни подрачја како дисколорација на лицето иако можат да бидат зафатени и други делови на телото. Причините за појава на мелазма се различни.




Пигментот меланин ја одредува бојата на очите, косата и кожата. Одредени внатрешни и надворешни фактори како што е изложување на сонце, генетика, хормонски промени, возраст, може да влијаат врз производството на меланин.




Прекумерното производство доведува до појава на хиперпигментации, заради што настануваат темни дамки и неизедначен тен. Додека пак недоволното производство односно хипoпигментации има спротивен ефект, т.е дамки без пигмент на зафатените подрачја.




Мелазмата е вид на хиперпигментација која се јавува на лицето, посебно образите, носот, челото и надусниците а понекогаш и на други делови од телото кои се изложени на сонце: подлактици, грб, нозе




Многу често во бременоста се појавува мелазма. Ендогените хормони ги стимулираат меланоцитите, а со тоа ги поттикнуваат да произведуваат повеќе меланински пигмент. Главна причина за појава на дамки на кожата е изложеноста на сонце.




Затоа при излегување на сонце треба да се носат капи и шешири кои освен лицето го штитат и вратот. Во исхраната треба да се внесува повеќе моркови, целер, домати, кајсии. Сите овие намирници содржат витамин А и Б, кои се потребни за зајакнување и заштита на кожата.




Лицата кои имаат акни треба да ја намалат конcyмацијата на мaсно, пржено и слатко. Комбинација од кожа склона кон акни и изложување на сонце, може да го влоши изгледот на кожата.




ПРИРОДЕН ЛЕК. Глуварчето е многу ценет како јадлива билка, но и како лековита билка. Од него може да се приготви растително масло кое има способност да ја осветлува кожата и темните дамки, но и да ги отстранува старечките пеги.




Потребни состојки: 3 полни супени лажици ситно исечкани свежи листови од глуварче и 200 мл рицинусово масло. Постапка: наберете ги листовите од глуварче кои треба да бидат од еколошки чиста средина.




Доколку има некаква нечистотија на нив, потребно е да ги измиете со ладна вода, а потоа да ги исцедите и добро да ги исушите. Пред да ги помешате во маслото не смеат да имаат влага, па затоа, можеби најдобро е да ги исечкате и да ги оставите преку ноќ на чиста хартија, а дури потоа да ги употребите.




Три лажици исечкан лист од глуварче прелијте ги со 200 мл рицинусово масло. Затворете ја теглата и оставете да отстои две седмици на темно и топло место со повремено протресување.Потоа маслото процедете го во темно шишенце и искористете го за два месеци. Со ова масло мачкајте ги дамките и пегите секоја вечер пред спиење.

лист од глуварче
глуварче и рицинусово масло