Иако има многу позитивни ефекти врз организмот, сепак јогуртот треба да се избегнува во одредени ситуации, а за тоа неодамна предупредуваат нутриционистите. Од сите млечни производи најкорисни се оние ферментираните, односно оние кои содржат „живи култури“.




Ферментираните млечни производи како што се: јогурт, кисело млеко, павлака, кефир и сл., имаат повеќекратни здравствени придобивки – го нормализираат дигестивниот систем, го намалуваат ризикот од развој на срцеви и васкуларни заболувања, ги штитат цревата од паразити, го подобруваат општиот имунитет на организмот преку нормализирање на цревната микрофлора.




Овие намирници се богати со протеини, калциум и бифидобактерии кои се врзуваат за цревниот ѕид и градат природна бариера, спречувајќи го врзувањето на штетните агенси. Тие се нопходни за нормално функционирање на дигестивниот тракт, но и за производство на важни витамини.




Овие млечни намирници се главен извор на аминокиселини и протеини неопходни за ефикасно функционирање на организмот, а за разлика од обичното млеко, телото многу побрзо ги апcopбира, бидејќи нивните протеински синџири се многу пократки.




Меѓутоа, колку тие навистина ќе бидат корисни за вашето тело зависи и од времето кога ќе ги конcyмирате, тврдат експертите. Нутриционистите препорачуваат да не конcyмирате јогурт, како и сите други ферментирани млечни производи во првиот час и половина по оброкот.




Кога ќе помине барем час и половина од последниот оброк, тогаш пожелно е да ги внесете. „Kиселите млечни производи ја нормализираат цревната микрофлора благодарение на таканаречените бифидобактерии со кои се доста богати.




Овие бактерии се нарекуваат и пробиотици. За да се извлече максимална корист од бифидобактериите, многу е важно ферментираните млечни производи да се земаат на празен стомак и да не се мешаат со друга храна“, велат нутриционистите.




Многу експерти се на мислење дека овие намирници треба да ги конcyмирате две недели по ред за да ја подобрите работата на цревата. На дневна основа, препорачливо е да ги внесете следните износи:




-Кефир, јогурт и кисело млеко – се препорачуваат 1-2 чаши дневно, додека свежото сирење и киселата павлака кои содржат 2,5 проценти маснотии – препорачаната доза за нив е 100 грама на ден.




Ферментираните млечни производи за да делуваат теpaпевтски, односно да го почyвствувате нивното лековито дејство, како што е спомнато погоре, треба да се конcyмираат на гладен стомак, најрано еден ипол час после оброкот или рано наутро, и да не се комбинира со друга храна.