НУТЕЛА ТИРАМИСУ БЕЗ ЈАЈЦА…Најкремастиот чоколаден десерт готов за 10 минути…
NUTELLA TIRAMISU…најкремастиот чоколаден десерт можете да го приготвите без јајца, за само неколку минути, а потоа само да го изладите во фрижидер…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г маскарпоне сирење (или друго свежо крем сирење)
150 г крем од лешник (нутела, еурокрем…)
200 г слатка, течна крем павлака
300 г дебели бисквити (пишкоти)
350 мл еспресо кафе
50 мл ладна вода
За декорација:
крем од лешник
ПОСТАПКА:
1.Подгответе го кафето и измешајте го со ладна вода. Оставете го настрана да се излади.
2.Изматете го крем сирењето со кремот од лешник.
3.Кога ќе се изедначи додајте ја течната павлака и уште малку изматете колку да се соедини. Треба да добиете фин и нежен крем.
4.Потребни ви се два реда пишкоти (па пребројте ги и одберете среден калап со соодветна големина). На дното од калапот распоредете мал слој од кремот, а врз него наредете еден ред пишкоти кратко натопувано во кафето.
5.Врз пишкотите еаспоредете слој крем, а врз него повторно пишкоти натопувани во кафе. завршете со крем. Декорирајте со нутела или посипете какао.
Оставете го колачот во фрижидер најмалку 1 час пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.