Ова не е обичен мраморен куглоф, туку куглоф со нутела. Децата го обожаваат!

Потребни состојки: 250 г путер или маргарин, 250 г шеќер, 5 јајца, 500 г брашно, 1 ¼ лажичка прашок за печиво, 250 мл млеко, 200 г нутела и 1 лажица рум

Постапка: 1.Пенасто изматете го путерот со шеќерот. 2.Додавајте едно по едно јајце и понатаму матејќи со миксерот. 3.Измешајте го брашното со прашокот за печиво. 4.Наизменично додавајте млеко и брашно во смесата со јајца.

5.Изматената смеса поделете ја на два дела. Во едниот додадете рум, а во другиот нутела. 6.Смесата излејте ја во намастен и набрашнет калап за куглоф, и тоа прво жолтиот дел, па потоа темниот. Со виљушка малку измешајте ги смесите за да се добие мраморен ефект.

7.Ставете да се пече на 180-200 степени околу еден час или прилагодете според вашата рерна. Колачот може да се пече и во обичен четвороаголен плех, а одозгора може да се прелие со чоколадна глазура.

Напомена: Наместо млеко може да се стави јогурт, наместо прашок за печиво може да се стави сода бикарбона, а нутела по вкус, може и само 4 супени лажици. По желба може да додадете и 100 г лешници.

coolinarika.com