Интервјуто е направено во 2014/15 година, па да се потсетиме на овој интересен разговор со македонската убавица. Многумина ја сметаат за најубавата Македонка, а таа со својот препознатлив шарм веќе десеттина години ги плени светските модни писти.
Нова димензија во нејзината кариера беше насловната улога во филмот “Трето полувреме“. Во едно нејзино интервју прочитав дека би сакала да студира политички науки.
НМД: Катарина Ивановска, што е следно, ќе бидеш ли првата жена Премиер, Претседател?
Катарина Ивановска: Кога завршив средно школо прво што сакав да студирам беше политички науки, но тогаш кариерата ми тргна по нагорна линија и морав да ја искористам шансата која ми се пружи.
И гледано од оваа страна сега никогаш не би се занимавала со политика во Македонија.
НМД: Да се вратиме на темите кои нас не интересираат. Твојата професија како манекенка и фото модел подразбира и идеални пропорции на твоето тело. Како успеваш да ја одржуваш твојата линија?
Катарина Ивановска: Со редовно вежбање и нормално здрава исхрана, но и гените наследени од мојата фамилија играат главна улога, така што не ми е потребно многу време за да се вратам во форма после новогодишните празници и преполните трпези со вкусна храна.
НМД: Дали практикуваш здрав начин на исхрана и имаш ли некој посебен режим?
Катарина Ивановска: Вежбам секој ден и секој ден различни вежби за да ги разбудам и најмрзливите мускули на телото.
НМД: За здава коса и кожа исто така е потребна соодветна исхрана, дали практикуваш или избегнуваш некаков вид на храна во име на убавината?
Катарина Ивановска: Секојдневно пијам различни витамини за кожа, коса, нокти и нормално избегнувам мрсна храна, богата со лоши калории. Млечни произоди не јадам и леб и се’ што содржи бело брашно.
НМД: Пиеш ли многу вода?
Катарина Ивановска: Пијам доволно вода, но јадам и многу овошје и зеленчук, а самите продукти содржат вода.
НМД: Која крвна група си и дали некогаш си се водела од тоа при изборот на храна?Си слушнала ли за диети и режим на исхрана според крвната група и дали би практикувала таков начин на исхрана?
Катарина Ивановска: А крвна група сум и морам да признам дека дури и сум била на диета според крвната група, имав одлични резултати.
Не само диета според крвна група, туку мислам дека сите можни диети за кои сум прочитала сум ги испробала, понекогаш се нарекувам бело глувче 🙂
НМД: Дали можеби си вегетаријанка или веган и што мислиш за тој начин на исхрана?
Катарина Ивановска: Јас бев 2 год на row веган диет. Mене лично не ми одговараше, но убаво е кога внатрешните органи ќе ги исчистиш преку здрава и вкусна храна која многу често ја спремав сама.
Дури и сега знам да направам row веган десерт за да не јадам, нели, разни чоколади, колачи и сладолед.
Но, мислам дека за луѓето кои вежбаат редовно, замената за протеини е незаменлива и мора да се јаде месо, јајца или риба.
НМД: Дали некогаш си била на режимска диета и каква диета била тоа?
Катарина Ивановска: Да, на Протекал и д-р Dunkan.
Имав одлични резултати, но од втората и јојо ефект така што сега јадам се’ но внимавам да се органски и свежи работите кои ги внесувам.
НМД: Имаш ли некои пороци?
Катарина Ивановска: Немам никакви пороци. Алкохолот не го сметам за порок.
НМД: Катарина, дали понекогаш готвиш и дали би сакала да ни дадеш рецепт од јадењето кое е твој фаворит и со задоволство го подготвуваш.
Катарина Ивановска: Супа од брокули и карфиол.
Добро сварени, со маслиново масло и зачини по желба и свеж ѓумбир. Сето тоа зедно се става во блендер и се бленда. Ако сакате да е погуста како потаж, тогаш не додавајте многу вода во блендерот. На крајот, во чинијата врз супата додавам семки од тиква и маслиново масло.
За десерт– бомбици. Потребни се непечени бадеми или индиски ореви, урми, мала лажица путер од кокос и mesquite powder .
Исто сè се става во блендер се додека не се добие еднолична смеса. На крај се формираат мали топчиња во вид на бомбици и се оставаат во фрижидер да се стегнат.
(Прв пат пишувам рецепт ако може да се нарече така затоа не знам точни мерки, како сите мајстори во кујна, така и јас од око:))
НМД: Дали сè уште интензивно работиш во Њујорк, Америка или сега твоите ангажмани се во Европа?
Катарина Ивановска: Сè уште сум во NY, но исто толку работам и во Европа.
Моментално агенцијата е затворена до 5 јануари, што значи и јас сум на одмор па со полна пареа во 2015.
– Здравата храна како предуслов за убавина и успех
НМД: Катарина, пред извесен период најави дека спремаш колекција со твој потпис. Дали се реализираше таа идеја?
Катарина Ивановска: Една од моите најголеми желби конечно ја реализирав на крајот од летото. Формирав фондација за лекување на болни дечиња кои живеат во социјално загрозени семејства, а другата да имам свој моден бренд. Маиците од брендот Pargo се достапни за сите и се во продажба во истоимениот бутик кој се наоѓа позади Броз Кафе.
НМД: Каде за Нова година и претстојните божиќни празници?
Катарина Ивановска: За Нова година останувам во NY а веке на 1. планирам да отидам малку на сонце и плажа, Miami и Mexico.
На читателите на НМД им ја честитам новата 2015 година, посакувам многу среќа, здравје и љубов и убави мигови поминати со саканите!
Разговараше: Петар Попоски