Новогодишни топки без печење за 10 минути…Со малку бисквити, ореви и чоколадо се добива најубавиот вкус за паметење…Ако подготвувате посна верзија, користете посни/растителни продукти. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

350 г бисквити искршени со рака
200 мл млеко
100 г шеќер
100 г растопен маргарин
3 лажици какао во прав
100 г крупно мелени ореви
150 г чоколадо за готвење
70 мл слатка павлака

ПОСТАПКА:

Во тенџере соединете млеко, шеќер, маргарин и какао во прав. Ставете на оган да зоврие со непрекинато мешање, па сипете врз бисквитите. Додајте ги оревите и промешајте.

Правете топки со калапчиња обложени со најлонска фолија (може да се обликуваат и рачно). Оставете да се оладат и стегнат 10 минути во фрижидер.

Растопете го чоколадото со слатката павлака (внимавајте да не ви зоврие), па залијте ги топките и посипете ги со кокос.

Оставете да се оладат и стегнат пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ: