Новогодишни обланди со кекси и кандирано овошје…Одличен брз рецепт кој го споделувам со вас…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца
130 г шеќер
100 г чоколадо
250 г путер
100 г кандирано овошје или желе бонбони
100 мл млеко
1 лажица рум
200 г сечкани смокви
250 г искршени бисквити
2 листови обланда

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека да згуснат, а потоа 15 минути сварете ги на пареа до непрекинато мешање. Додајте го исечканите путер и чоколадо и мешајте додека да се стопат и соединат.

Тргнете од оган и додајте ги сечканите суви смокви, кандираното овошје, бисквитите и румот. Ако смесата е сува, додајте малку млеко за да стане кремаста и да може да се размачкува.

Обландите покријте ги со мокри (исцедени) крпи и оставете ги да омекнат 30 минути. Нанесете фил и свиткајте. Јас свиткав само една со целиот овој фил, зашто сакав да биде богато. Рецепт на Џаст Свит Слаџано – ОВДЕ:

https://www.instagram.com/p/C-z2wGrsqeO/?igsh=YWd0N2E3ZDlqMXFr