Свечените салати стануваат сѐ повеќе попопуларни, а освен што изгледаат убаво, тие ја украсуваат и секоја маса и се неверојатно вкусни. Изгледаат декоративно како торти, а состојките можете да ги менувате по личен вкус и желба.




Нашиот предлог е празнична салата со пилешко и семе од афион, која одлично ќе ја надополни секоја новогодишна трпеза. Комбинацијата на состојки е xит, а подготовката никогаш не била полесна. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пилешки батак, 3 домати, 2 јајца, 120 г тврдо сирење или кашкавал, 3 парчиња леб (како за тост, може да користите и кубети), 3 чешниња лук, 1 лажичка слатка зачинска пиперка, 2 супени лажици маслиново масло, 1 лажица семе од афион, мајонез за премачкување.




ПОСТАПКА: Месото и јајцата сварете ги, па сирењето и лебот исечкајте ги на помали коцки. Мелениот лук посолете го и зачинете со црн пипер, па додајте слатка или лута зачинска пиперка, па прелијте со маслото во едно тавче. Запржете го лукот сосем малку, додека да ја испушти својата прекрасна арома.




Сѐ се меша и се остава 5 минути, па смесата се вади/процедува од тавата (да остане само маслото во тавата), па се пржи сечканиот леб. Доматите и варените јајца исечкајте ги на ситни коцки, а од месото извадете ја кожата и исечкајте го на ситни коцки.




На еден плех или поголема рамна чинија ставете калап-прстен со пречник од 20 см или помал и ставете го пилешкото, па израмнете. Одозгора премачкајте го мајонезот, па наредете ги јајцата и повторно ирамнете. Зачинете со сол и премачкајте со мајонез, па наредете ги доматите.




Повторно премачкајте со мајонез, па наредете го сирењето/кашкавалот. Премачкајте со мајонез и завршете со пржените кубети (тост коцки леб). Ставете ја салатата во фрижидер, малку да се стегне, па извадете го прстенот/калапот и наросете ја салатата со афион, па послужете ја. Во продолжение прочитајте уште еден хит-рецепт за салата со маринирано сирење и пиперки:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 20 печени пиперки, 10 печени лути пиперчиња, 1 краставица, 2 моркови, 1 главица лук, 100 г лист од магдонос, 200 г сирење, 2 лажици маслиново масло, 50-100 мл сончогледово масло, оцет алкохолен или јаболков, по вкус, сол, црн пипер, сув магдонос.




ПОСТАПКА: Пиперките најпрво убаво измијте ги, избришете ги и испечете ги. Откако ќе подизладат во најлонска кеса, излупете ги ставете ги во еден сад. Не ги процедувајте од течноста што ќе ја испуштат. Сирењето исечете го на коцки со средна величина.




Ставете ги во еден сад и наросете го со малку сув магдонос или босилек, мелен црн пипер, маслиново масло околу 2 лажици, па полека промешајте внимателно за да не го растурите сирењето. Оставете го настрана. Магдоносот ситно исечкајте го. Морковите и краставицата изрендајте ги во еден сад.




Додајте половина од сечканиот магдонос и испасираните или истолчените лукчиња. Количината на лукот е по вкус. Посолете по вкус и зачинете со малку црн пипер. Полејте околу 100 мл масло, а исто така и оцет по вкус. Додајте ја и течноста што ја испуштиле пиперките. Промешајте за да се соединат состојките и маринадата е готова.

Пиперките една по една исчистете ги од семето (сочувајте ја петелката), па валкјате ги убаво во маринадата и редете ги во чинија за сервирање. Врз маринарите пиперки наредете маринирани коцки сирење. Ова направете го во два редови (ред пиперки-ред сирење). Одозгора наросете го остатокот од магдоносот. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.