За празниците речиси сите ја подготвуваат pycката салата која е неизбежна, особено на новогодишната трпеза. Pycката салата или Мимоза салатата се омилените салати кои многу лесно се подготвуваат, а за вкусот нема потреба да се зборува, затоа сите ги обожаваат.
Оваа година направете изненадување и послужете освежителна празнична салата со грашок. Наликува многу на pycката, но се прави побрзо и е исто многу вкусна и сочна. Заменете го компирот со праз и додајте свеж копар, кој ќе му даде посебен вкус. Сите ќе ве прашаат за рецептот за оваа вкусна празнична салата. Еве што ви е потребно за да ја подготвите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г грашок, 4 јајца, 200 г шунка, 180 г кашкавал, 1 стебленце праз, 1 китка копар, 100-150 г мајонез. ПОСТАПКА: Ставете го грашокот и јајцата да се варат посебно во две тенџериња. Грашокот се вари сосем малку, додека да омекне, а јајцата околу 5-7 минути.
Шунката и кашкавалот изрендајте ги, а кога јајцата ќе се сварат, оставете да се оладат, па изрендајте ги и нив. Празот исечкајте го на тенки кругови. На еден плех, каде што ќе ја послужувате салатата ставете кружен флексибилен обрач и наредете ја сечканата шунка, па рамномерно израмнете ја.
Потоа одозгора премачкајте со мајонез, па наредете ги варените јајца. Премачкајте со уште еден слој мајонез, па ставете го грашокот. После тоа, повторно премачкајте мајонез, па ренданиот кашкавал. На крајот повторно се става мајонез, па наросете со празот и ситно сечканиот копар.
Ставете една чинијата над обрачот и оставете ја салатата во фрижидер да се стегне околу час или два, а обрачот/калапот извадете го пред послужување на салатата. Во продолжение прочитајте уште еден многу вкусен рецепт за кремаста ПРИНЦ салата:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПРИНЦ САЛАТА: 500 г говедско месо (суво говедско или варено/печено па ситно сечкано), 200 г кисели краставички (ситно исечкани), 2-3 чешниња лук, ситно исечкани и промешани со краставичките, 4 варени јајца, 100 г сечкани ореви за наросување одозгора, мајонез по вкус (може мајонез помешан со павлака).
ПОСТАПКА: Во тркалезен калап обложен со проѕирна фолија редиме слој месо и го премачкуваме одозгора со мајонез. Потоа редиме слој ситно сечкани кисели краставички помешани со лукче, па повторно премачкуваме со мајонез. Потоа ставаме сечкани варени јајца и врз нив нанесуваме мајонез.
Врз јајцата повторно редиме сечкано месо и го премачкуваме со мајонез, па кисели краставички, мајонез, варени јајца, мајонез и на крај наросуваме со сечкани ореви. Украсуваме со свежи листови од магдонос. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете ОВДЕ, а од вториот рецепт ОВДЕ.