Home салати Новогодишна салата „СНЕЖНА ТОПКА“ со пилешко и варени јајца, кремаста и вкусна,...

Новогодишна салата „СНЕЖНА ТОПКА“ со пилешко и варени јајца, кремаста и вкусна, се топи во уста…

Салата „Снежна Топка“

Елегантна, кремаста и неочекувано вкусна салата за свечена трпеза 🥗

Салатата „Снежна Топка“ е вистинско мало гастрономско изненадување. Со својата нежна текстура, внимателно редени слоеви и балансиран вкус, таа не е само салата, туку впечатливо ладно предјадење што го збогатува секој празничен или свечен момент.

Изгледа декоративно, а вкусот е уште подобар отколку што изгледа, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки

• 2 парчиња варено пилешко филе
• 6 варени јајца
• 120 г тврдо сирење/кашкавал
• 2–3 свежи краставици
• ½ конзерва пченка
• по вкус сол
• по потреба мајонез
• НМД

Постапка

1. Вареното пилешко филе ситно исечкајте го или раздробете го со рака.

2. Варените јајца излупете ги и одделете ги белките од жолчките.

3. Белките изрендајте ги на ситно ренде и оставете ги настрана.

4. Краставиците измијте ги и изрендајте ги или ситно исечкајте ги.

5. Тврдото сирење/кашкавалот изрендајте го на ситно ренде.

6. Во кружен калап или длабок сад започнете со редење на салатата по слоеви:

• прв слој: пилешко филе, лесно посолете и премачкајте со мајонез
• втор слој: пченка, па тенок слој мајонез
• трет слој: рендано сирење/кашкавал и повторно малку мајонез
• четврт слој: краставици, па мајонез
7. Жолчките издробете ги со рака, посолете ги по вкус и измешајте ги со малку мајонез, па распоредете ги како следен слој.

8. На крај, целата салата рамномерно покријте ја со ренданите белки од јајца, за да добие изглед на „снежна топка“.

9. Внимателно извадете ја салатата од калапот и послужете ја на свечена трпеза.

Совет: Салатата е највкусна кога ќе отстои најмалку 1–2 часа во фрижидер, додека да се соединат вкусовите.

Пријатен апетит! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: