Руските агрономи со селекција и вкрстување создале единствена сорта пченица отпорна на студ, прекумерна влага и многу болести. Исто така, оваа сорта има многу повеќе белковини од другите видови пченица и што е најважно, не е потребно да се третира co пестициди.

“Таму каде што уште пред сто години можела да преживее само есенска ‘рж, сега може да се одгледува есенска пченица co одличен квалитет”, рекол рускиот агроном и академик Баграт Сандухадзе.

Неговите колеги агрономи од московскиот научно истражувачки институт „Немчиновка” во текот на последната година co вкстување различни сорти семе добиле семе од пченица што е практично неуништливо.

„За 20-30 години светот ќе ја моли Русија за житарка, нафтата веќе никому нема да му биде неопходна. 

Најевтиното а најквалитетно зрно ќе го произведуваме ние. Пестициди практично не мораме да користиме, бидејќи создадовме такви сорти што речиси никогаш не заболуваат”, резимира научникот.

(Спутник)