Home Десерти НОВА ШАРЛОТКА или ПРЕВРТЕН КОЛАЧ со јаболка што се топи во уста…

НОВА ШАРЛОТКА или ПРЕВРТЕН КОЛАЧ со јаболка што се топи во уста…

НОВА ШАРЛОТКА или ПРЕВРТЕН КОЛАЧ со јаболка што се топи во уста…Ова е еден од оние страински колачи кои можете да ги најдете запишани во тефтерите на нашите мајки и баби. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

За бисквит:
2-3 јајца
1 чаша шеќер
1/2 чаша масло
1 чаша течен јогурт или млеко
1 ванилин шеќер
2 чаши брашно
1 прашок за пециво

И уште:
3 јаболка
3 лажици шеќер
1 лажичка цимет

ПОСТАПКА:

Во широка тава растопете го шеќерот, па кога ќе се карамелизира додајте ги јаболката исечкани на тенки парчиња и мешајте внимателно.

Додајте цимет по вкус и пропжете ги јаболката кратко, колку да ја испуштат аомата. Не заборавајте, ќе се допечат заедно со колачот.

Со жица маталка мешајте ги јајцата со шеќерот и ванилата 2-3 минути. Потоа додајте масло, па јогурт и изедначете. Потоа додајте брашно помешано со прашок за печиво и промешајте да нема грутчиња.

На дното од калап 24 см обложен со хартија за печење распоредете ги јаболката, а одозгора сипете го подготвеното тесто и ставете да се пече 35-40 минути во загреана рерна на 180 степени.

Печениот колач оставете го да се олади 15 минути, па превртете го и отстранете ја хартијата. Постапката можете да ја погледнете ОВДЕ.