НОВА КОРНЕТ ПОГАЧА: Толку е вкусна што ја правам 2-5 пати неделно и сакаме да ја јадеме секој ден! Рецептот на баба ми!
Се приготвува едноставно, а вкусот е фантастичен. Може да се приготви во солена и слатка верзија. Овојпат ние ја направивме слатка, со суво грозје. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 мл топло/млако млеко
1 супена лажица кисела павлака
1/2 мала лажичка сол
30 г шеќер
10 г сув квасец
1 јајце на собна температура
100 мл масло
Изматете со рачна маталка за да се растопат состојките. Потоа започнете постепено да додавате:
450-500 г брашно
На почетокот мешајте со лажица, а потоа тестото замесете го со рака. Треба да биде меко и да се одвојува од ѕидовите на садот.
Намастете го и оставете го во садот да ферментира покриено 30 минути или колку што е потребно за да го удвои својот волумен. За тоа време пригответе го филот:
За фил:
180 г крем/младо (несолено) сирење
2 супени лажици шеќер
1 супена лажица скроб/нишесте/густин
70 г суво грозје
Промешајте и оставете настрана додека го сработувате тестото:
Стасаното тесто нежно премесете го и поделете го на 9 еднакви делови.
Обликувајте топчиња и покријте ги со кеса да одморат 10-15-тина минути. Во посебен сад измешајте:
2 супени лажици шеќер
2 супени лажици брашно
50 г маргарин/путер
Промешајте со прсти додека да добиете „трошки“. Тргнете настрана, па започнете со обработка на топчињата:
Земете едно топче и со оклагија развлечете го во тенка кора. Преку цела површина премачкјате ја кората со растопен путер/маргарин или масло.
Потоа преклопете на половина и со прстите спојте ги краевите. На едниот агол ставете една лажица фил, а потоа и на другиот агол.
Затворете го филот со тестото и притиснете со прстите за да се затвори убаво, а потоа продолежете со виткање од двете страни додека да се соединат двата конуси.
Вака постапете со осумте топчиња, а последното наполнете го со фил и затворете го топче.
Наредете ги во тркалезна тепсија обложена со хартија за печење, како цвет со топчето во средина. Погачата покријте ја со кеса и оставете ја да ферментира на топло 20-тина минути или колку што е потребно да го удвои волуменот.
За премачкување измешајте:
1 жолчка
1 супена лажица млеко
Премачкајте ја погачата одозгора, а потоа посипете ја со трошките од путер, шеќер и брашно. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени, 25-30 минути. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.