Доколку планирате да ослабите, потребно е да го редуцирате внесот на намирниците, а секако и да го намалите внесот на шеќери, па дури и шеќерот од овошјето.

-Иако многумина ќе кажат дека бананите се овошје што треба да се избегнува при диета, доколку сакате да изгубите некој килограм пред летните месеци, тогаш бидете сигурни дека тие се вистинскиот избор-

За среќа, бананата е пожелно да се јаде дури и кога сте на диета, иако содржи незначително повеќе калории од другото овошје, бидејќи таа содржи големи количини на калиум, како и супстанции кои помагаат во исфрлање на вишокот вода од телото.

Исто така, бананите го забрзуваат метаболизмот, а особено ако ги комбинирате со спанаќ или ленено семе.

За недела дена може да ослабете и до пет килограми, но пред да започнете да ја практикувате обврзно консултирајте се со вашиот лекар или нутриционист.

Појадок

Изедете само една банана. Ако сте гладни и после 15 минути, слободно изедете уште една. Не би требало да јадете ништо друго за појадок, но ако мислите дека бананата нема да ви е доволна, може да изедете и две до три лажици варен ориз.
Јадете само зрели банани.

Ручек и вечера

Вечерајте најдоцна до осум часот навечер, иако би било совршено тоа да биде до 18 часот. Што се однесува до намирниците за ручек и вечера, не сте ограничени со изборот и може да го јадете она што и онака би го јаделе. Меѓутоа, потрудете се порциите да бидат помали, како и тоа да ги избегнувате десертите.

Јапонките се познати по витката линија, но тие се трудат после ручекот никогаш да не бидат сосема сити. Исто така не би било лошо да ги избегнувате јаглените хидрати, белиот леб, белиот ориз, шеќерот и белото брашно.

Само вода

Во текот на диетата единствена течност која ви е дозволена е исклучиво вода, минерална или обична. Потрудете се водата која ја консумирате да биде на собна температура.

Кога ја пиете, пијте ја во мали голтки, не одеднаш. Во текот на денот може да испиете и едно кафе, чај или свежо цеден сок.
Во посебни прилики дозволена ви е чаша пиво или вино.

Ужина

Околу три часот после пладне може да изедете две коцки црно чоколадо или нискокалоричен колач. Крофни, сладолед, чипс и слични грицки не се дозволени.

Секако, би било подобро за ужинка да изедете една овошка, но ако имате голема желба за слатки, не се фрустрирајте.

Рано во кревет

Потрудете се да одите на спиење најдоцна до полноќ! Вежбајте ако сакате. Во текот на оваа диета не е неопходно да вежбате, но ако сакате, само напред. Сепак трудете се колку што е можно повеќе да пешачите.

Водете дневник

Водете дневник како се чувствувате и што сте јаделе во текот на денот. Исто така, на интернет мрежата може да најдете доста форуми и да размените искуства со други кои се на ваков режим на исхрана.

Ако сакате да се ослободите од салото на стомакот, ви предлагаме да го подготвите овој вкусен и корисен напиток. Основни состојки за приготвување на овој напиток се: 1 банана, 1 нелупено јаболко ако е непрскано, 1 портокал, сок од 1 лимон и третина чаша вода. Но, овој напиток го подобривме и унапредивме!

Потребни состојки: 1 банана, 1 јаболко, 1 портокал, ½ шолја немасен јогурт (кефир), 1 лажица кокосово масло, ¼ лажица мелен ѓумбир, 2 лажици ленено семе, 2 лажици протеини во прав (сурутка, протеин од грашок или друг протеин)

ПОСТАПКА

Едноставно помешајте ги сите состојки во блендер. Кратко испасирајте и добивате вкусен напиток. Испијте го овој напиток наутро на празен стомак, веднаш по пиењето на една чаша млака вода.

Калиумот како примарна состојка на бананата, покрај другото, ќе го спречи и ризикот од мозочен удар.

Покрај тоа, природните шеќери како фруктозата, сахарозата и глукозата се одличен извор на енергија за вашето тело, па со консумирање токму на бананите, ќе го елиминирате лажното чувство на глад што често нѐ доведува до внесување на различни закуски.

Бананите се користат и како главна состојка во диеталните напитоци во кои се додаваат и различни семки, друг вид овошје и претежно спанаќ како природни „непријатели“ на мастите.

Покрај тоа што ваквите напитоци се неверојатно вкусни, тие ќе му ги овозможат на вашето тело потребните витамини и минерали.

Ви предлагаме уште три вкусни напитоци од банана кои многу ќе му помогнат на вашиот метаболизам, а и ќе ви овозможат енергија во текот на целиот ден.

Напиток бр.1

Потребни состојки: една банана, еден портокал, две мали лажички сурутка во прав, две мали лажички ленено семе

Напиток бр.2

Потребни состојки: една банана, една шолја свежо овошје по избор (боровинки, малини, брусница), една мала лажичка мед, една мала лажичка рендан ѓумбир, половина шолја млака вода

Напиток бр.3

Потребни состојки: една банана, 200 г свеж спанаќ, половина шолја јогурт со низок процент на масленост, третина шолја овесни снегулки, една мала лажичка мед

Подготовката за сите овие здрави напитоци е сосем иста. Ставете ги сите состојки во блендер и добро измиксајте ги.

Напитоците може да ги консумирате помеѓу оброците или пак за вечера, иако најдобро ќе се чувствувате доколку истите ги испиете за појадок, бидејќи тогаш организмот најдобро апсорбира и ги препознава состојките што ги внесувате. На овој начин, овие напитоци ќе направат вистинска инвазија на вашите масни наслаги наталожени околу струкот!