НОВ ПОПУЛАРЕН РЕЦЕПТ…Без печење и без јајца…Едноставен, а многу вкус кремаст десерт со ореви…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за мерење се користи чаша од 200 мл):

1 литар млеко
125 г путер
1 чаша брашно + 1 лажица брашно
1 чаша шеќер
1 кесичка ванилин шеќер

И уште:
100 г кокосово брашно
120 г сечкани ореви (1 чаша)

ПОСТАПКА:

Растопете го путерот на нискоумерена температура, па сипете го брашното и пропржете 3-4 минути го со непрекинато мешање додека да се изгуби вкусот на брашно. Сипете го шеќерот и мешајте додека малку да се растопи.

Штом почне малку да се карамелизира веднаш сипете го млекото и мешајте на умерена температура додека смесата да згусне како за пудинг. Големиот плех од рерна обложете го со хартија и посипете го со кокос (100 г).

Сипете го врелиот крем и распоредете го рамномерно. Кога малку ќе се олади одозгора посипете го со ореви и оставете 2 часа да се олади.

По желба можете во оревите да ставите крем сирење помешано со шлаг, а наместо хартија да користите најлонска фолија.

Исечете ја на половина за да добиете два ролати. Со помош на хартијата подигајте и виткајте ги ролатите, а секој потоа исечете го на помали парчиња. Постапката погледнете ја ОВДЕ: