НОВ начин како да ги испечете костените…Лушпата сама отпаѓа од нив…Многу лесно, брзо и едноставно. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г костени
0,5 чаша вода х2
1 мала лажичка путер, по вкус
1/2 лажичка сол или по вкус
ПОСТАПКА:
Направете засеци на костените. Најлесно и најбезбедно тоа се прави со ножици. Истото можете да го напрабите со нож или склапел (2 мм) колку да се пробие надворешната, тврда лушпа.
Измијте ги и оставете ги натопени во вода половина час. Загрејте ја тавата, па со решеткава лажица црпете ги костените и спуштете ги во тавата.
Залијте половина чаша, поклопете и оставете ги така да се готват 10 минути на умерена температура. После 5 минути сипете повторно половина чаша вода, поклопете и продолжете со готвењето.
Кога водата целосно ќе испари додајте лажичка путер и кратко пропжете ги. Потоа посолете ги и промешајте ги. Сипете ги во крпа, завиткајте ги и оставете ги да се подизладат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/vwZyVcTrrso?si=0qFyzuLe2Ip6eKKd
ВО ЕДЕН ПОТЕГ: Испечете костени во рерна на овој начин – сами се лупат