НОВ метод за размножување на ружите од пупки – резултати за 20 дена! Ова речиси никој не го знае…Малкумина знаат за овој метод, бидејќи повеќето луѓе ги размножуваат розите од резници, односно со калемење на гранчиња.
Но, дали знаевте дека тие можат ефикасно да се размножуваат и од „пупки“ од веќе прецветан цвет?
Зошто да трошите пари на нови грмушки од рози кога лесно можете сами да ги размножувате БЕСПЛАТНО!
Сите љубители на рози треба да научат за овој едноставен метод. Ружите имаат преубави крупни цветови во најразновидни бои. Кога цветот ќе презрее и ќе опаднат сите венечни ливчиња, на местото на цветот се формира плод кој наликува на пупка.
Овие плодови на почетокот се јадри и зелени, а со тек на времето се сушат и сами отпаѓаат. За овој метод ни се потребни зрели пупки-плодови од кои тукушто отпаднале венечните ливчиња од цветот.
Исечете им ги дршките и ставете ги 15 минути да отстојат во 50-100 мл вода во која ситно сте исечкале 1-2 чешниња лук.
Потоа исечете надолжно една банана сосе кора, доволна е една третина, тоест кората и да се опфати малку од плодот.
Бананата поставете ја врз плодна земја со кората надолу. Одозгора (врз плодот) набоцкајте ги отстојаните розини пупки-плодови, и растресено прекријте со тенок слој земја.
Залијте со луковата вода и оставете да изртат на топло и светло место. По потреба прскајте со отстоена вода. По 20 дена веќе ќе бидат никнати првите ливчиња, а младите растенија ќе можете да ги преседите. Видеото со постапката погледнете го ОВДЕ.