Нов десерт за 5 минути! Овој десерт го правам скоро секој втор ден…Без брашно!Неверојатно вкусен и освежителен десерт од малини. Овој лесен и ароматичен десерт ќе стане вистинска декорација за вашата трпеза. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 г белки од јајца (од 6-7 јајца, во зависност од големината, треба да се измерат само белките откако ќе се одделат од жолчките)
1 прстофат сол
200 г шеќер во прав
7-10 мл сок од лимон
20 г скроб/нишесте/густин
За фил:
500 г маскарпоне или друго крем сирење
30 г шеќер во прав
1 лажичка ванилин шеќер
150 мл слатка павлака 33%
200-250 г малини (може и друго овошје)
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад пенасто изматете ги белките со прстофат сол. Постепено додавајте го шеќерот и матете непрекинато додека да добиете цврст снег кој не паѓа кога ќе го превртите садот.
Пред крајот на матењето додајте го и лимоновиот сок. Кога ќе се соедини додајте го и скробот, па кратко изматете за да се соедини со снегот.
Добиената смеса рамномерно распоредете ја во големиот плех од рерна обложен со хартија и израмнете ја површината. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени и веднаш намалете на 150. Печете 30-35 минути.
Кората превртете ја врз друг лист хартија и отстранете го долното парче врз кое се печеше. Отстранете ги краевите за да се израмни.
Во меѓувреме изматете го крем сирењето со шеќер во прав и слатка павлака додека да добиете фин, мазен крем. Одвојте неколку лажици настрана за декорација.
Премачкјате ја оладената кора со филот и наредете малини, па со помош на долната хартија внимателно свиткајте го ролатот.
Виткајте полека, зашто кората од белки на сувите места може да се рони (што е нормално).
Ролатот оставете го да се олади во фрижидер 3-4 часа, а потоа декорирајте го по желба. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.