Нов десерт за 5 минути! Ова е божествен вкус! Се топи во уста! Како да подготвите вкусен кремаст десерт за 5 минути? Овој брз и лесен рецепт може да го направи секој дома, дури и ако немате вештини за готвење!
Сигурни сме дека целото ваше семејство и сите ваши пријатели ќе бидат воодушевени кога ќе го пробаат овој кремаст десерт! Неговиот вкус е едноставно божествен и леснотијата на подготовка ќе ве изненади!
Затоа, запишете си го рецептот и погледнете ја постапката за негово приготвување…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 големи јајца
1 лажица шеќер
1 прстофат сол
180 г брашно
400 мл млеко
30 г путер (растопен)
ПОСТАПКА: Изматете ги јајцата со жица маталка, додајте прстофат сол и шеќер, па додајте го брашното, млекото и растопениот путер.
Млекото додавајте го постепено за полесно да ја соедините смесата, а растопениот путер додајте го последен. Изматете течна, хомогена, мазна смеса без грутчиња.
Покријте го тестото и оставете го да отстои 10 минути.
Излејте го во плех обложен со хартија и ставете да се пече во загреана рерна на 190°C 25-30 минути.
Кората оставете да се олади, а потоа пригответе фил по желба или според нашиот предлог:
ЗА ФИЛ:
400 г крем сирење
2 или 4 лажици шеќер во прав (во зависност од вкусот)
200 мл крем/слатка павлака (33-36%)
100 г боровинки или друго бобесто овошје
Изматете го крем сирењето со шеќерот во прав, па додајте ја течната павлака и уште кратко изматете за да се соедини.
Печената кора превртете ја и отстранете ја хартијата. Нанесете го филот преку целата површина, распоредете ги боровинките, па свиткајте во ролат.
Одозгора наросете шеќер во прав и послужете. На здравје сладење! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.