НОВ ДЕСЕРТ ЗА 5 МИНУТИ: „Карпатка“ ролат со фил каков што сакате…брзо и вкусно за ненадејни гости…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За фил:
1 јајце (големо)
110 г шеќер
10 г ванилин шеќер
1.5 лажица скроб
350 г цврст јогурт или кисела павлака
40 г путер
За тесто:
4 јајца
1 прстофат сол
180 г брашно
400 мл млеко
30 г растопен путер
ПОСТАПКА:
1.Изматете го јајцето со шеќер и ванила, додајте јогурт/павлака и скроб и изедначете. Ставете на оган и гответе на умерена температура со непрекинато мешање додека да згусне. Додајте го путерот и мешајте за да се растопи и инкорпорира.
2.Кремот претурете го во друг сад, прекријте го со проѕирна фолија и оставете да се олади.
3.За тесто: Јајкцата изматете ги со шеќерот, па додајте брашно и малку млеко, па мешајте за сето да се соедини во мазна смеса. Потоа додајте го остатокот од млекото и повторно изедначете.
4.На крај додајте растопен путер, промешајте и оставете го да одмори 10 минути. Излејте ја смесата во плех обложен со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 190 степени, 25-30 минути.
5.Печената „палачинка“ оставете ја да се олади, а потоа превртете ја врз парче хартија. Врз целата површина премачкјате ја со оладениот крем, па свиткајте ја во ролат.
6.Ролатот завиткајте го и оставете го да се олади во фрижидер (по желба), а потоа декорирајте по желба и сладете се. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/IGM0GvAVbVs?si=rEONDfeJK7YUlz57