Брз и едноставен десерт кој можете секојпат да го приготвувате и да го послужите со кафе или чај. Ќе ви одземе само пет минути за подготовка, а колачот е толку многу едноставен, што и почетник може да го приготви. Се приготвува од едноставни состојки, многу лесно и брзо, за неколку минути колачот е готов. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 мл млеко, 120 г шеќер, 10 г ванилин шеќер, 60 г какао, 150 г путер, 400 г бисквити, 120 г чоколадо, 30 мл масло, 60 г печени кикиритки. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ – бонус рецепт: 200 г чоколадни бисквити, 50 г лешници, 20 г какао, 20 г шеќер во прав, 80 мл млеко, 50 г нутела, 130 мл шлаг, 30 грама чоколадо, 10 мл топло млеко.
ПОСТАПКА – ПРВ РЕЦЕПТ: Во подлабоко тенџере сипете 300 мл млеко. Додајте 120 г шеќер и 10 г ванилин шеќер. Промешајте кратко со жица или маталка и ставете го тенџерето на рингла, на среден оган. Со повремено мешање гответе додека млекото да се загрее и шеќерот да се растопи.
Просејте директно во тенџерето 60 г какао и веднаш соединете со маталката додека да се разбијат сите грутчиња. Гответе на умерен оган. Кога млекото ќе зоврие, смесата ќе почне да се згуснува. Тогаш додајте 150 г путер на коцки и измешајте до растопување. Тргнете го тенџерето од рингла.
Во посебен сад скршете ги бисквитите на помали парчиња. Кога чоколадниот прелив ќе се олади, прелијте преку бисквитите и убаво измешајте додека убаво да се впие преливот во нив. Вака подготвената смеса излејте ја во калап со димензии 27х14 см, обложен со проѕирна фолија.
Израмнете ја смесата и ставете ја во фрижидер да се стегне еден час. Пред да го извадите колачот од фрижидер подгответе ја глазурата. Тостирајте ги кикириките додека да ја испуштат својата арома, па изблендирајте ги. Соединете ги со растопено чоколадо со малку масло. Колачот извадете го од фолијата и прелијте го со филот. Кога глазурата ќе се стегне, може да послужите.
ПОСТАПКА – бонус втор рецепт: Бисквитите сомелете ги на најситно. Додајте ги лешниците, сомелете ги заедно. Префрлете сѐ во подлабок сад, па додајте го шеќерот во прав и измешајте. Додајте го какаото, млекото, измепајте, па кога смесата ќе се соедини, замесете фино тесто со тврда конзистентност.
Завиткајте го тестото во фолија и ставете го во фрижидер на ладење (30 минути). Измешајте ги нутелата и шлагот (кесичка шлаг и млеко) и изматете во едноличен крем. Тестото пренесете го на рамна површина со фолија и растегннете го со оклагија во правоаголник.
Премачкајте со филот од нутела, па завиткајте во ролат. Ставете го колачот во фрижидер, па пред послужување прелијте го со чоколадна глазура, направена од чоколадо и млеко. Деталите за двата рецепти погледнете ги ОВДЕ.