Симптомите на голем број болести може да се појават на крајно неочекувани места. Така на пример, сувите лакти укажуваат на проблем со панкреасот, губитокот на коса е знак за слаба циркулација, а што може да се види од ноктите?




Кога „нешто не е во ред во телото“, односно, кога некоја болест тивко инвадира, телото за тоа е „свесно“ и обично испраќа сигнали. Многу е важно овие „невидливи“ знаци да ги препознаете навремено, додека болеста не зела замав.




Понекогаш постојат симптоми кои никогаш не би ги поврзале со проблеми во некој одреден орган, па така на пример, ненадејна појава на сува кожа, особено на лактите, и нејзино лупење, може да покажува дека панкреасот не функционира правилно, па дури и дека имате повишен шеќер во кр-вта.




Кога има проблеми со циркулацијата на пример, симптомите обично се манифестираат на стапалата, односно протокот на крв во овој дел од телото е блокиран. Она што никогаш не би го поврзале со овој здравствен проблем е тоа што влијае врз брзината на растење на ноктите од прстите на стапалата.




Иако ноктите од стапалата на нозете секогаш растат нешто побавно од оние на прстите од рацете, сепак, доколку циркулацијата е излазено ослабната, ова станува многу воочливо. Затоа, обратете внимание на тоа колку брзо растат вашите нокти!




Една од карактеристиките на периферната артериска болест, според експертите од клиниката Мајо, е „побавниот раст на ноктите“, извесуваат од клиниката.

„Проблемот со периферната циркулација може да доведе до болни гр-чеви во мускулите на листовите по некои интензивни активности, но и по долга прошетка или качување по скали“, велат научниците.




Ногата може да има периоди кога се вкочанува, периоди кога се чувствува слабост, а најчесто доаѓа до појава на студенило во потколеницата и стапалото. Поради недоволен проток на крв, може да дојде и до промена на бојата на кожата во овој дел, да помодри или да се прошара.




Исто така, слабата циркулација може да доведе до губење на косата и постепено проретчување на влакната, како на главата, така и на нозете. Експертите, исто така, ги набројаа најчестите причини кои го зголемуваат ризикот од појава на периферна артериска болест:




Меѓу најчестите тие ги вбројуваат: пу-шењето, дијабетесот, дебелината, високиот кр-вен притисок, високиот холестерол, возраст над 65 години, семејна историја на болест или мозочен у дар.




„Луѓето кои пу-шат или имаат дијабетес се изложени на најголем ризик да развијат периферни артериски заболувања поради намалениот проток на к-рв“, велат експертите од клиниката Мајо.




Еден од најефикасните начини за спречување на понатамошни здравствени компликации е да се намали таложењето на маснотиите во кр-вните садови. Тоа значи да го смените вашиот животен стил, првенствено да се откажете од ци-гарите и да започнете да вежбате.

NMD.mk