Брзо се подготвува, не е многу калоричен, превкусен е и нема причина зошто да не ја разубавите трпезата со еден ваков лесен ролат од банани.​​​

Потребни намирници за тестото:

5 јајца,

5 лажици шеќер,

5 лажици брашно,

1 лажица какао.

Постапка:

Сите состојки добро се матат. Добиената смеса се излева во калап обложен со хартија за печење. Се пече 10 минути на 220 степени. Испечената кора завиткајте ја во мрсна хартија и оставете така да се излади.​

Потребни состојки за фил:

½ литар млеко,

2 лажици шеќер,

1 пудинг од ванила,

1 лажица брашно,

120 грама путер,

150 грама шеќер во прав.​

Сварете го пудингот заедно со 1 лажица брашно и 2 лажици шеќер. Кога ќе се излади составете го со изматениот путер, а на крај додадете го шеќерот во прав.

Намачкајте го белиот дел на половина кора и врз него ставете две банани.

Додадете две лажици какао во втората половина од филот. Премачкајте ја преостанатата половина од кората и завиткајте ролат.

Од филот што ќе ви преостане намачкајте го преку ролатот а одозгора изрендајте чоколадо.