Брзо, вкусно, едноставно!
Потребни состојки:
2 лажици путер
240 г сланина
450 г прокељ
сол, црн пипер, толчен црвен пипер
¼ шолја павлака за готвење
½ шолја рендан кашкавал
½ шолја лебни трошки
Постапка:
Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени, а огноотпорниот сад намастете го.
Во голем сад ставете вода, посолете и оставете да зоврие, па додадете прокељ и оставете да вари 8-10 минути.
Сланината исечкајте ја на коцки и испржете ја да стане крцкава.
Варениот прокељ и половина од сланината ставете ги во огноотпорниот сад, зачинете и залијте со павлака.
Наросете со кашкавал, а на крај и со остатокот од сланината и лебните трошки.
Ставете во рерна да се запече околу 15 минути.