Оваа торта е целата во крем, па кога ќе ја вкусите веднаш ви се полни целата уста во преубавиот вкус. Лесна е и не прави тешко на стомакот, а готова е за помалку од 5 минути. Единствено што треба да чекате е да се олади малку во фрижидер пред послужување.




Без дополнително и долго готвење, само ги мешате состојките, а потоа редите банани. Доста е освежителна, па може да ја правите секогаш во топлите денови кога ви се јаде нешто лесно и ладно како сладолед. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г чоколадо за готвење, 200 г летно сирење (како урда, несолена), 50 г шеќер, 200 г павлака или крем сирење, 6 банани, кокос за наросување (опционално)




ПОСТАПКА: На самиот почеток скршете го чоколадото за готвење на коцки и ставете го во еден сад кој ќе го ставите врз тенџере со зовриена вода за да се растопи. Потоа тргнете го садот од рингла и почекајте малку да се олади.




Во меѓувреме, во друг сад ставете ја урдата или некое друго лесно сирење. Издробете со лажица, виљушка или рачен миксер, а потоа додајте го шеќерот и убаво соединете ги состојките. Потоа се додава и павлаката, па лесно се мешаат состојките.




На крајот прелијте го растопеното чоколадо и со шпатула соединете додека да се формира крем како за премачкување на торта. Всушност овој крем е самата торта.Бананите подгответе ги на следниот начин: извадете ја лушпата, а потоа пресечете им ги краевите, отприлика треба да бидат иста големина и тапи краеви. На една чинија ставете еден подебел слој од кремот на едно место.




Врз него се редат три банани една до друга. Бананите „се затвораат“ со втор слој од филот, па врз него се редат две банани, а врз нив уште еден ред фил и последната банана. Поточно бананите се редат помеѓу редовите на бананите одоздола, како кула со карти.




Последно, целата торта се премачува со филот и убаво се измазнува. Тортата треба да има изглед на триаголник, а потоа се наросува целата во кокос, или во мелена плазма, ореви, бадеми, лешници по вкус.




Ставете ја тортата во фрижидер околу 1 час за да се стегне и да може лесно да се исече парче, без да се размачка. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.