Home Диети Никогаш не е доцна: Како ослабев по 50-тата и повторно се вратив...

Никогаш не е доцна: Како ослабев по 50-тата и повторно се вратив во форма со еден едноставен напиток

Никогаш не е доцна да се направи промена – дури ни кога ќе помислите дека телото веќе не реагира како порано.

По 50-тата година, метаболизмот природно се забавува, килограмите полесно се лепат, а енергијата опаѓа. Но, постојат мали навики кои можат да направат голема разлика.

Еден од тие мали, но ефикасни чекори е едноставен утрински напиток – комбинација од кафе, чиа семе и какао, кој не само што има одличен вкус, туку може да помогне и при контрола на апетитот, подобар метаболизам и постепено слабеење, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

🟢 ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

• 1 лажица темно какао во прав (висок квалитет)
• 1 лажица чиа семе
• 200 мл млеко
• 50 мл млеко (за пена)
• 1 лажица мелено кафе
• 100 мл вода
• НМД

Забелешка: Млекото може да се замени со растително (бадемово, овесно, соја), во зависност од навиките и исхраната.

🟢 НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

1. Во чаша ставете го какаото и чиа семето, па сипете 200 мл млеко. Добро измешајте додека смесата не стане хомогена.

2. Оставете ја мешавината да отстои најмалку 30 минути, за чиа семето да набабри. Најпрактично е напитокот да се подготви навечер и да се чува во фрижидер до утрото.

3. Во гезве ставете мелено кафе и 100 мл вода, па загрејте додека да зоврие.

4. Кога ќе се подигне пената, тргнете го кафето од оган и процедете го.

5. Во процеденото кафе додајте ја претходно подготвената смеса со чиа и какао и добро промешајте.

6. Во помала шолја сипете 50 мл ладно млеко и со електрична маталка изматете го додека да добиете пена.

7. Додајте ја пената во чашата – напитокот е подготвен за консумација.

🟢 КАКО ДЕЛУВА ОВОЈ НАПИТОК ВО ОРГАНИЗМОТ?

✔ Чиа семето е богато со растителни влакна, кои набабруваат во желудникот и создаваат чувство на ситост. Тоа помага да се намали апетитот и внесот на калории во текот на денот.

✔ Кафето природно го стимулира метаболизмот и го зголемува согорувањето на мастите, особено ако се консумира наутро.

✔ Какаото содржи антиоксиданси и соединенија кои можат позитивно да влијаат на расположението и контролата на желбата за благо.

✔ Млекото (или растителната замена) обезбедува протеини кои дополнително го продолжуваат чувството на ситост.

Комбинацијата делува синергично – не како „магичен напиток“, туку како поддршка на организмот, особено кога се комбинира со умерена исхрана и лесна физичка активност.

🟡 КОГА И КАКО ДА СЕ КОНСУМИРА?

• Најдобро е напитокот да се пие наутро, наместо појадок или како прв оброк
• Не се препорачува навечер, поради кофеинот
• За видливи резултати, пијте го континуирано 2–3 недели
• Постапката опишана преку фотографии и видео прилог погледнете ја ОВДЕ:

Никогаш не е доцна! Еве како ослабев на 50 и се вратив во форма…ОВА ги „мете“ вишокот килограми…