Кога размислувате за работи кои трошат многу електрична енергија во вашето домаќинство, веројатно не помислувате на скромниот рутер за поврзување на Интернет.
Но, ако го оставите цел ден, според познавачите на овој уред, ќе потроши струја колку и фрижидерот.
Затоа, треба да внимавате на енергетскиот учинок на рутерот пред да го купите и да се погрижите да има најмала можна потрошувачка на енергија кога е вклучен и во режим на „stand-by“.
Германската Федерална агенција за заштита на мрежи (UBA) тврди дека ова е особено важно ако рутерот не може да се исклучи бидејќи ја користи и телефонската линија.
Ако е така, советот е да набавите рутер кој има опција барем да го исклучи Wi-Fi-от кога не се користи.