Рецепт: Зорица Зикова
Јас почесто имам бронхит и многу кашлам. Еднаш се случи да бидам на гости кај сосетката, па кога таа слушна како кашлам, веднаш ми направи еден лек. Оттогаш не сум се разболела.
Таа ми вели – ние не знаеме што е тоа доктор. Штом некој започне да се разболува, сите пиеме од лекот и веднаш ни поминува.
Ниту вируси, ниту настинки, овој едноставен лек веднаш ги решава сите проблеми. Ако започне да гребе грлото, ќе го направам и веднаш поминува.
ЕВЕ ГО ЛЕКОТ
Потребни состојки:
4-5 мали лажички шеќер
3 супени лажици масло
150 мл ракија
½ лажичка црн пипер
Постапка:
Ставете 4-5 лажички шеќер на умерен оган додека да се растопи и карамелизира.
Додадете и 3 лажици масло да зовријат со шеќерот.
Потргнете го малку садот на страна и додадете 150 мл ракија.
Внимавајте, може да прска ако маслото е многу врело, па затоа ракијата додавајте ја постепено.
Оставете да зоврие, промешајте и додадете половина лажичка црн пипер мелен во прав.
Се промешува и се пие топло.
Овој природен лек е испробан и делотворен на многу луѓе. Сите се задоволни, па доколку и вие имате сличен проблем, пробајте го, ќе бидете благодарни.
Рецепт: Зоре Зикова