Во никој случај не пропуштајте ги пекарските кифли. Доколку не сте ги приготвувале, тогаш не одложувајте и испробајте го овој оригинален рецепт. Не знаете што пропуштате.. Меки се и следниот ден, и ден потоа, меки како душа.. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за тесто): 1 кг меко брашно, 600 мл вода, околу 100 мл масло, 2 супени лажици шеќер, 15 г сув квасец (1,5 кесичка), 2 супени лажици сол. ЗА СОЛЕН ПРЕЛИВ (САЛЦ): 6 лажици брашно, 2 лажички сол, 200 мл вода




ПОСТАПКА: Во еден сад изронете го квасецот, додајте шеќер и растворете со млака вода. промешајте додека убаво да се растворат состојките па оставете на топло место 10-тина минути додека квасецот да се активира и да запени.




Во подлабок сад за месење ставете го речиси целото брашно, во средината направете вдлабнување, додајте ја солта околу, па истурете го квасецот и речиси целото масло, оставете малку за подоцна, околу 2-3 лажици.




Од наведените состојки замесете тесто кое треба да меко. Не грижете се, тоа е доста меко и треба да се лепи за раце. На крајот прелијте го со остатокот од маслото, малку премесете го и ќе забележите дека ќе стане помазно и помалку ќе се лепи.




Покријте го со кеса или стреч-проѕирна фолија и оставете околу еден час на топло место без провев, да стасува и ферментира додека да го удвои својот волумен. Мајдобро би било да го оставите во топла рерна загреана на 30-40 степени.




После еден час со додавање на малку брашно премесете го тестото и поделете го на 16 делови. Од секој дел обликувајте топче и ставете го на намастена подлога. Кога ќе завршите со обликувањето на топчињата, на секое со четка нанесете малку масло.




Веднаш земајте едно по едно топче, малку развлекувајте ги со рака лево и десно, а потоа со оклагијата горе и долу, да се добие елипса. Свиткајте ги кифлите и наредете ги во плех претходно обложен со хартија за печење. Ќе добиете два плеха со по 8 кифли.




Ставете го првиот плех во рерна загреана на 30-40 степени и оставете ги да стасуваат 20 минути. Потоа ставете го вториот плех, на 10 минути. Вториот стои пократко затоа што кифлите ќе продолжат да стасуваат надвор додека првите се печат. Значи, после овие 10 минути загрејте ја рерната на 200 степени.




Додека се загрева рерната, кифлите од првиот плех премачкјате ги со четка и топла вода, па ставете да се печат. Потоа направете го преливот, сите состојки добро изматете ги смесата да биде погуста од јогурт. Кога кифлите малку ќе заруменат, преливајте ги цик-цак со преливот и вратете ги уште 5 минути да се допечат.




Времето на печење е приближно 20 минути. Истото повторете го и со вториот плех. Кифлите може и тенко да се премачкаат со масло додека се уште топли, но и не мора, меки се како душа. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.