Фото и рецепт на Јелена Павловиќ – Цитрусни распукани кекси.
Нежни кекси-колачи, многу едноставни но со богат цитрусен вкус кои се топат во уста. Овие мали облачиња кои одлично одговараат со кафе или чај, ќе ве освојат на првото вкусување и одново и одново ќе ги правите…
Апсолутно совршенство, секогаш ќе сакате да ги имате на маса. Тестото се замесува за 5 минути, малку е помеко, па затоа е потребно да одлежи во фрижидер најмалку 2-3 часа. Потоа се прават топчињата и се печат само 10 минути.
Потребни состојки: 250 г брашно, 100 г шеќер, 100 г путер, 1 јајце, 1 лимон (сок и кора), 1 прстофат сол и 1 лажичка прашок за печиво. И уште: кристал шеќер
и шеќер во прав.
Постапка: Во подлабок сад ставете брашно, шеќер, омекнат путер, јајце, прстофат сол, прашок за печиво и измиксајте сè за да се соедини во убава компактна смеса. Додадете рендана кора и сок од еден лимон со средна величина.
Тестото ќе ви се чини дека е меко, но такво треба да биде, нека не ве збунува. Завиткајте во го проѕирна фолија и оставете го да одмори во фрижидер 2-3 часа или процесот скратете го со ставање во замрзнувач.
Стегнатото тесто извадете го, кинете мали парчиња, формирајте топчиња со величина на орев. Точињата прво валкајте ги во кристал шеќер, а потоа и во шеќер во прав. Редете ги во плех обложен со хартија и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 175-180 степени десет минути.
Готовите колачи оставете ги да се оладат, па уживајте во нив. Доколку сакате да направите исти вакви распукани лепчиња кои се меки како памук, но декоративни со шари од распукана коричка, рецептот за нив можете да го прочитате ОВДЕ.
Фото и рецепт на Јелена Павловиќ