Зебра колачот се подготвува за многу кратко време, смесата се соединува за 5 минути, а после ви се потребни уште 5 минути да го излеете во калапот, наизменично со двете смеси, црната и белата. Може да го подготвите само од смесата без да додавате ништо друго, а може и на крајот да го прелиете со чоколадна глазура за да биде посочен.




Доколку сакате да го правите во посна варијанта, после печењето премачкајте го со мармалад и наросете го со шеќерот во прав, како што е опишано во вториот рецепт. Она што е интересно е тоа што колачот може да го направите во микробранова печка или во рерна. Во микробранова печка се пече само 10-тина минути, а во рерна околу половина час. Еве што ви е потребно за мрсна и посна верзија:

Фото и рецепт: Малена.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 500 г полномасно сирење, 5 супени лажици шеќер, 2 јајца, 4 лажици гриз, 1 лажица какао во прав, 150 мл млеко, 1 кесичка ванилин шеќер, 2 г сол, на врв од ножот, малку прашок за печиво. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ – ПОСНА ВЕРЗИЈА): 2 чаши (од 200 мл) газирана вода, 1 чаша шеќер, 1 чаша масло, 1 кесичка ванилин шеќер, 4 чаши брашно, 1 прашок за печиво, 2 лажици какао.

Фото и рецепт: Малена.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во 500 г полномасното сирење ставете 5 лажици шеќер, прстофат сол, 2 јајца и 1 кесичка ванилин шеќер. Измешајте ги сите состојки добро, до соединување. Потоа додајте 150 мл млеко и 4 лажици гриз, па повторно промешајте. Соединете во течна и еднолична смеса. Добиената смеса поделете ја на два еднакви делови. Во едниот дел додајте какао и промешајте го.




Еден калап за печење намастете го со малку масло, па започнете наизменично да го редите од смесите: бела, па кафеава. Да речеме, ставете прво лажица од белата смеса, па одозгора лажица од кафеавата смеса, па повторно бела смеса и така додека да се потрошат двете смеси.

Фото и рецепт: Малена.




Одозгора можете со виљушка или чепкалка да исцртате шари, па дури можете да направите и цртеж. Овој колач може да се испече на два начини. Можете да го ставите во загреана рерна на 180 степени и да го печете 35-40 минути, со повремено проверување, во зависност од рерната.

Фото и рецепт: Малена.




А, можете да го печете и во микробранова печка, како што јас го печам. Садот со тестото се става во микро-печката, се мести на максимална сила (мојата е 750 W) и тајмерот го местиме на 10 минути. После 10 минути колачот е готов. Нека отстои во микробрановата уште 2 минути.

Фото и рецепт: Малена.




Потоа извадете го од калапот, оставете да излади, па сечете го. Колачот можете да го превртите и да го наросите со чоколадо или да го прелиете со чоколадна глазура, па одозгора да го наросите со ореви, декорацијата останува на вас. Фото и рецепт: Малена.

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во подлабок сад за матење ставете ги водата, шеќерот, маслото и ванилин шеќерот, па изматете го со жица или со виљушка. Оставете ја смесата да одмори 5 минути. Потоа постепено додајте го брашното и прашокот за печиво.

Фото и рецепт: Валентина Делиманчева Андреева




Убаво промешајте додека смесата да се соедини и изедначи, а потоа поделете ја на два делови. Во едниот дел додајте какао и убаво промешајте целата смеса да стане кафеава. Во намастен и наросен со брашно калап бр. 30 во центарот (средината на калапот) ставајте со лажица наизменично од белата и од црната смеса, се додека да се потроши целата количина.

Фото и рецепт: Валентина Делиманчева Андреева

Тортата ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час. Додека е топла печената торта премачкајте ја со мармалад по ваш избор и наросете со шеќер во прав. Фото и рецепт: Валентина Делиманчева Андреева.