Едноставен колач за кој многумина сметаат дека е најдобриот кога станува збор за меките колачи со јаболка. Руската Шарлотка е еден од омилените есенски и зимски колачи.
Потребни состојки:
5-6 поголеми јаболка, 3 јајца, 200 г шеќер, 125 г брашно, цимет и шеќер во прав
Постапка:
Веднаш вклучете ја рерната да се загрее на 170 степени, бидејќи колачот многу брзо се приготвува. Дното на еден тркалезен калап прекријте го со хартија за печење или добро намастете го со путер.
Јаболката измијте ги, излупете ги, исчистете ги од семки и исечете ги на коцки со средна величина, па наредете ги директно во претходно приготвениот калап со пречник од 22,5 см.
Потоа изматете ги јајцата заедно со шеќерот со помош на електричен миксер додека да станат пенливи, а поголемиот дел од шеќерот да се растопи. Додадете ванила, 1-2 кесички по желба, просеано брашно и добро промешајте.
Матете на најслаба брзина или рачно со помош на лажица или шпатула. Смесата треба да биде доста густа. Добиеното тесто прелијте го преку јаболката и ставете да се пече во загреаната рерна, околу 55-60 минути.
Кога колачот е готов оставете го во калапот 10-тина минути, а потоа превртете го во чинија за послужување, така што јаболката ќе дојдат на врв. Одозгора наросете со шеќер во прав и цимет. Колачот е лесен како пердув.
uspesnazena.com