Пригответе вкусен и сочен колач кој ќе ве восхити со мирисот и вкусот на портокалот. Можете да го испечете и во калап за куглоф.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 јајца
250 г шеќер
1 ванилин шеќер
120 мл масло
385 г брашно
½ прашок за печиво
3 портокали (350-400г)
ПОСТАПКА:
1.Портокалите добро исперете ги од сите нечистотии, па заедно со кората сомелете ги во блендер.
2.Јајцата пенасто измиксајте ги со шеќерот, ванил шеќерот и маслото.
3.Додадете брашно, прашок за печиво и пирето од портокал, па со лажица промешајте ја смесата.
4.Смесата излејте ја во калапот кој добро сте го намастиле и побрашниле.
5.Кугловот печете го 30 минути на температура од 170°C.
6.Со чепкалка проверете дали тестото е печено.
7.Изладениот куглов пред послужување наросете го со шеќер во прав.